Повлечени 6. и 7. транша од ЕИБ 3 - 100 милиони евра

02.08.2013

Се повлече шестата транша за МСП во износ од 6.241.000 ЕУР со што ќе се поддржат 29 проекти. Од оваа транша, 70% се за поддршка преку инвестициски кредити со рок на отплата до 8 години, додека остатокот е за поддршка преку кредити за обртни средства со рок на отплата до 3 години. Со реализација на овие проекти се очекува да се отворат нови 139 работни места.

Проектите од ЕИБ кредитната линија можат да се реализираат преку следните 11 банки: Халкбанка АД Скопје, Шпаркасе банка АД Скопје, Комерцијална банка АД Скопје, НЛБ Тутунска банка АД Скопје, Охридска банка АД Охрид, Прокредит банка АД Скопје, Стопанска банка АД Битола, Стопанска банка АД Скопје, Уни банка АД Скопје, ТТК банка АД Скопје и Централна кооперативна банка АД Скопје.
Проектите од оваа транша ќе се реализираат преку: Халкбанка АД Скопје, ПроКредит Банка АД Скопје, НЛБ Тутунска Банка АД Скопје, Охридска Банка АД Охрид и Стопанска Банка АД Битола.
 
Истиот ден се повлече и седмата транша во износ од 3.800.000 ЕУР за Приоритетни проекти со над 250 вработени со што ќе се поддржат 2 проекта. Со реализација на овие проекти се очекува да се отворат нови 2 работни места.
Проектите од ЕИБ кредитната линија можат да се реализираат преку следните 11 банки: Халкбанка АД Скопје, Шпаркасе банка АД Скопје, Комерцијална банка АД Скопје, НЛБ Тутунска банка АД Скопје, Охридска банка АД Охрид, Прокредит банка АД Скопје, Стопанска банка АД Битола, Стопанска банка АД Скопје, Уни банка АД Скопје, ТТК банка АД Скопје и Централна кооперативна банка АД Скопје.
Проектите од оваа транша ќе се реализираат преку: ПроКредит Банка АД Скопје и Комерцијална Банка АД Скопје.
 
МБПР започнува со подготовка на нова транша која се очекува да се реализира во месец септември.