Повлечена 9. транша од ЕИБ 3 - 100 милиони евра
Се повлече деветтата транша за МСП во износ од 5.307.576 ЕУР со што ќе се поддржат 23 проекти. Од оваа транша, 87% се за поддршка преку инвестициски кредити со рок на отплата до 8 години, додека остатокот е за поддршка преку кредити за обртни средства со рок на отплата до 3 години. Со реализација на овие проекти се очекува да се отворат нови 83 работни места.