Повлечена 11. транша од ЕИБ 3 - 100 милиони евра

07.04.2014

Повлечена е единаесеттата транша за МСП во износ од 5.924.400 ЕУР со што ќе се поддржат 29 проекти. Од оваа транша, 80% се за поддршка преку инвестициски кредити со рок на отплата до 8 години, додека остатокот е за поддршка преку кредити за обртни средства со рок на отплата до 3 години. Со реализација на овие проекти се очекува да се отворат нови 48 работни места.

Проектите ќе се реализираатпреку: НЛБ Тутунска Банка АД Скопје, Прокредит Банка АД Скопје, УНИ Банка АД Скопје, Комерцијална Банка АД Скопје и Халк Банка АД Скопје.
МБПР ја реализира и дванаесеттата транша (поселдна) во износ од 4.905.396 ЕУР, која се очекува да биде повлечена на 19. мај 2014.