Повлечена 12. транша од ЕИБ 3 - 100 милиони евра
Се повлече дванаесеттата (последна) транша за МСП во износ од 4.905.396 ЕУР со што ќе се поддржат 26 проекти. Од оваа транша, 75% се за поддршка преку инвестициски кредити со рок на отплата до 8 години, додека остатокот е за поддршка преку кредити за обртни средства со рок на отплата до 3 години. Со реализација на овие проекти се очекува да се отворат нови 72 работни места.