Повлечена 1. транша од ЕИБ 4 - 100 милиони евра

22.09.2014

Повлечена е првата транша од кредитната линија ЕИБ 4 - 100 милиони евра во износ од 10,9 милиони ЕУР. Со овие средства ќе се поддржат нови 40 проекти со пресметковна вредност од 18,5 милиони ЕУР. Од оваа транша, 70% се за поддршка на МСП преку инвестициски кредити со рок на отплата до 8 години, додека остатокот е за поддршка преку кредити за обртни средства со рок на отплата до 3 години. Со реализација на овие 40 проекти се очекува да се отворат нови 185 работни места.

Проектите се реализираат преку: НЛБ Тутунска банка АД Скопје, Прокредит банка АД Скопје, Охридска банка АД Скопје, Халк банка АД Скопје, Комерцијална банка АД Скопје и УНИ банка АД Скопје.
МБПР започнува со подготовки за повлекување на нова транша во износ од  10,1 мил. ЕУР.