Повлечена 4. транша од ЕИБ 4 - 100 милиони евра

03.03.2015

Повлечена е четвртата транша од кредитната линија од ЕИБ 4 - 100 милиони евра во износ од 11,5 милиони ЕУР. Со овие средства ќе се поддржат нови 36 проекти со пресметковна вредност од 17,2 милиони ЕУР. Од оваа транша, 75% се за поддршка на МСП преку инвестициски кредити со рок на отплата до 8 години, додека остатокот е за поддршка преку кредити за обртни средства со рок на отплата до 3 години. Со реализација на овие 63 проекти се очекува да се отворат нови 195 работни места.

Проектите се реализираат преку: НЛБ Тутунска банка АД Скопје, Прокредит банка АД Скопје, Охридска банка АД Скопје, Халк банка АД Скопје,  Стопанска банка АД Скопје, Комерцијална банка АД Скопје и УНИ банка АД Скопје.
МБПР започнува со подготовки за повлекување на нова транша во износ од 10 милиони евра.