Цел на грант компонентата:

Поддршка на компаниите основани од млади претприемачи, жени претприемачи, извозни компании и компании кои инвестираат во зелена економија.


Намена на грант компонентата:

Родова еднаквост, стимулирање на извозот, инвестициите во зелената економија и младите претприемачи...


Извори на средствата:

Министерство за финансии на Република Северна Македонија.


Квалификувани корисници на грант компонентата:

Компании кои се корисници на Ковид 3 бескаматната кредитна линија.


Услови за аплицирање за грант:

Сите компании на кои ќе им биде одобрено користење на бескаматен кредит од Ковид3, се стекнуваат со право да поднесат барање за користење на грант компонента (отпуштање на долг во вкупен износ од 30% од износот на кредитот), доколку:
- Подмирил најмалку 50% од обврските по основ на кредитот и
- Нема регистрирано доцнење при сервисирање на обврските по основ на овој кредит за износи поголеми од 3.500 денари подолго од 60 дена.
- За користење на грант-компонентата, кредитокорисникот треба да поднесе барање за отпуштање на долг до РБСМ.

Основи по кои може да се побара грант компонента:

1. категорија
  • да имаат жена/жени во сопственичка структура најмалку 50% или
  • да се раководени од жена (жена-управител);
2. категорија
  • да имаат млади до 29 години во сопственичка структура најмалку 50% или
  • да се раководени од млади под 29 години (млад-управител);
3. категорија
е кредитокорисник-извозник со учество на приходот од странство со повеќе од 50% во финансиските извештаи за последната фискална година.
4. категорија
е кредитокорисник за реализација на проекти
  • за зелена економија;
  • за модернизација и дигитализација на деловните процеси преку набавка на опрема и/или воведување нов начин на продажба (е-продажба);
  • воведување на нови производи и нови услуги.

Исполнетост на критериумите за користење на грант компонентата ќе се оценува во моментот на поднесување на барањето за одобрување грант компонента (отпуштање долг) на следниот начин:

 

1. категорија
  • При поднесување на кредитно барање според Тековна состојба на претпријатието;
  • При поднесување на барање за одобрување на грант компонента, по увид од тековна состојба на субјектот.
2. категорија
  • При поднесување на кредитно барање според тековна состојба на претпријатието;
  • При поднесување на барање за одобрување на грант компонента, нема промени во сопственичката и/или структурата на управување, видно од тековна состојба на субјектот.
3. категорија
  • При поднесување на кредитно барање, по увид од годишна сметка и аналитичка картица на сметка 121 побарувања од купувачи во странство;
  • При поднесување на барање за одобрување на грант компонента, по увид од годишна сметка и аналитичка картица на сметка 121 побарувања од купувачи од странство.
4. категорија
При поднесување на барање за одобрување на грант компонента, доставува доказ за реализација на проектите/активностите поврзани со:

1. Зелена економија (ветерници, соларна енергија, третман на вода, производство на биомаса заради обновливи извори на енергија):
  • Потврда од Агенција за енергетика на Република Северна Македонија за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија, или фактура за набавена опрема по датум на склучување на договор за кредит на износ од најмалку 30% од износот на кредитот, со извод за промени на состојбата на средствата од сметката на кредитокорисникот за извршено плаќање и изјава заверена на нотар од страна на управителот на кредитокорисникот дека кредитокорисникот реализирал проект за зелена економија.
2. За модернизација и/или дигитализација на деловните процеси преку набавка на опрема и/или воведување нов начин на продажба (е-продажба);
  • Модернизација: Фактура за набавена опрема по датум на склучување на договорот за кредит на износ од најмалку 30% од износот на кредитот, со извод за промени на состојбата на средствата од сметката на кредитокорисникот за извршено плаќање и изјава заверена на нотар од страна на управителот на кредитокорисникот дека кредитокорисникот извршил модернизација на деловните процеси со извршената набавка на опрема.
  • Дигитализација: Фактура за набавка на софтверско решение или надградба на софтверско решение по датум на склучување на договор за кредит од најмалку 30% од износот на кредитот, со извод за промени на состојбата на средствата од сметка на кредитокорисникот за извршено плаќање и изјава заверена на нотар од страна на управителот на кредитокорисникот дека кредитокорисникот извршил набавка или надградба на софтверско решение.
  • Воведување нов начин на продажба (е-продажба): Изјава заверена на нотар за воведена електронска продавница на веб страница, по датум на склучување на договорот за кредит со прилог склучен договор за онлајн плаќање со деловна банка.

3. Воведување на нови производи и нови услуги:
  • Изјава заверена на нотар за воведен нов производ или нова услуга со доказ за платенитрошоци за воведување на новиот производ и услуга во висина од најмалку 30 % од износот на кредитот

Формулари за грант:


Контакт со Секторот за кредитирање и комисиони работи:

Тел. 02/3115-844, 02/3114-840 лок. 121, 124, 127.