Цел на кредитната линија:

Средствата од кредитот се одобруваат за директна поддршка на микро, мали и средни трговски друштва, трговци поединци и занаетчии кои плаќаат давачки на реален приход. 


Намена на кредитната линија:

За обртни средства за поддршка на компаниите погодени од енергетската и ценовната криза.


Извори на средствата:

Наплатени средства од кредитните линии „Ковид 1“, „Ковид 3“ и „Ковид 4“ во износ од 300.000.000 денари.


Квалификувани кредитобаратели:

Како потенцијални корисници можат да се јават микро, мали и средни трговски друштва (согласно тековната состојба), ТП и занаетчии кои плаќаат давачки на реален приход и кои се регистрирани во Република Северна Македонија.



Услови на кредитната линија


Износ на поединечен кредит наменет за крајните корисници:

Минимум:  184.500 денари

Максимум: 1.845.000 денари (микро, мали и средни ТД)

                       615.000 денари (ТП и занаетчии)

Рок на отплата и грејс период:

Рок на отплата од 18 месеци до 36 месеци со вклучен грејс период од 6 месеци.

Валута:

Денари

Каматна стапка за крајните корисници:

2%

Провизија за управување:

РБСМ нема да наплаќа провизија за обработка на кредитните барања.

Начин на отплата:

Квартална отплата

Начин на пласирање на кредитот:

Одобрениот кредит се исплаќа директно на кредитокорисникот согласно инструкциите наведени во

Барањето за кредит.

Субјекти кои имаат право на поднесување на кредитно барање:

Микро, мали и средни трговски друштва (согласно тековна состојба), трговци поединци и занаетчии кои плаќаат данок на реален приход, кои се регистрирани во Република Северна Македонија согласно позитивните прописи и се со основна главница во приватна сопственост на правни и физички лица од најмалку 51%. Кредитобарателот може да ја провери својата класификација по големина со увид во негова тековна состојба.


Критериуми кои треба да ги исполнуваат кредитобарателите:

  • Регистрирани во Република Северна Македонија,
  • Се најмалку 51% во приватна сопственост,
  • Немаат неподмирени обврски кон државата докажано со потврда од УЈП не постара од 01.01.2022 година,
  • Не се во постапка на стечај или ликвидација,
  • Имаат поднесено годишна сметка во Централен регистар за 2021 година, независно од месеците на работење,
  • Имаат запишано вистински сопственик во Регистарот за вистински сопственици при Централниот регистар на РСМ доколку е обврзник (Тековна состојба за вистински сопственик, потврда за вистински сопственик),
  • Согласно финансиските извештаи за последната фискална година има главница и резерви (наведен во билансот на состојба, АОП 65) не помалку од 30% од износот на бараниот кредит (овој критериум не се применува кај занаетчии и ТП),
  • Согласно податоците од кредитен регистар на НБРСМ со состојба 30.06.2022 година се во класификација подобра или еднаква на Б (се врши пресметка на просечна ризичност) или кои немаат кредитна изложеност. Исклучок е доколку вкупната кредитна изложеност на банките кон одреден клиент е помала од 10.000 денари,
  • Во моментот на поднесувањето на апликацијата за кредит немаат неизмирени достасани обврски во износ поголем од 10.000 денари, како корисници на ,,Ковид 1”, ,,Ковид 2” ,,Ковид 3” и ,,Ковид 4”кредитната линија,
  • Не се корисници на кредит од бескаматната кредитната линија за обртни средства за компании погодени од енергетската и економската криза (ЕЕ криза) директно преку РБСМ,
  • Нето-финансиски резултат искажан во билансот на успех на АОП 255 во износ не е поголем од 3.000.000 денари или нето-финансиски резултат искажан во билансот на успех на АОП 256 (Овој критетериум не се однесува на ТП и занаетчии),
  • Во 2022 година да има над 100% зголемени трошоци за енергенси во однос на 2021 година за што за споредба доставува копија од една фактура за енергенси издадена во периодот од јануари – септември 2022 година со копија од една соодветна фактура за енергенси издадена во периодот од јануари – септември 2021 година (се споредуваат фактури со ист месец на издавање и за ист енергенс),
  • Во барањето за кредит, има дадено Изјава за енергетска ефикасност во која е наведено дека во деловните процеси, како и во процесите за реализација на идните набавки или инвестиции за време на отплатата на кредитот, кредитобарателот ќе води грижа за остварување на поголема енергетска ефикасност и ќе остварува најмалку 10% заштеда во потрошувачката на енергенсите.

Критериуми за одлучување за распределба на средствата:

  • Квалификуван кредитокорисник кој ги исполнува критериумите за одобрување на кредит по принципот ,,ПРВ ДОЈДЕН, ПРВ УСЛУЖЕН”.
  • Кредитните барања се обработуваат хронолошки како што се пристигнати на е-маил: eckriza@mbdp.com.mk

Задолжителна документација:

  • Кредитно барање
  • Апликација за регистрација на клиент-правно лице
  • Изјава за поврзаност со други правни/физички лица
  • Изјава за постоење својство на носител на јавна функција
  • Изјава за проверка на кредитна изложеност
  • ЗП образец (образец за заверен потпис)
  • Доказ за немање на достасани неплатени даноци и придонеси кон државата – Уверение од УЈП (не постаро од 01.01.2022 година)
  • Тековна состојба не постара од 6 месеци (од Централен регистар на РСМ)
  • Тековна состојба за вистински сопственик не постара од 6 месеци (доколку кредитобарателот не го достави документот, го обезбедува РБСМ по службена должност)
  • Годишна завршна сметка (со 31.12.2021 г.) (од Централен регистар на РСМ)
  • Потврда за стечај и Потврда за ликвидација - Доказ дека не е отворена стечајна, односно ликвидациска постапка (од Централен регистар на РСМ) не постара од 6 месеци
  • Копија од една фактура за енергенси издадена во периодот од јануари-септември 2022 година и копија од една соодветна фактура за енергенси издадена во периодот од јануари-септември 2021 година (се споредуваат фактури со ист месец на издавање и за ист енергенс)

Начин на реализација на кредитната линија:

За кредитната линија е објавен Јавен повик бр. 1 на 19.12.2022 година. 


Кредитните барања за јавниот повик се доставуваат 15 дена, со почеток од 26 декември 2022 година од 09:00 часот и завршува на 09 јануари 2023 година во 09:00 часот.

 

Обработката на пристигнатите кредитни барања ќе отпочне по затворање на јавниот повик.

Документите кои се доставуваат на јавниот повик се неповратни.

Неадекватните кредитни барања на неквалификувани кредитокорисници нема да се разгледуваат.

Некомплетните барања за кредит нема да се разгледуваат сè додека не се дополнат.

Пристигнатите документи без Кредитно барање (образец на веб-страницата на банката) нема да се обработуваат сè додека не се поднесе Кредитното барање.

Банката не сноси никакви трошоци настанати со подготовка, составување и доставување на барањата за кредит, така што учесникот на јавниот повик нема право на надомест на какви било трошоци по основ на учество на овој јавен повик. 

 

Банката ќе ги извести барателите на кредит на коишто им е одобрен кредит врз основа на доставено Кредитно барање, на електронската адреса наведена во Тековната состојба на субјектот.

Банката ќе ги извести кредитобарателите чии кредитни барања се одбиени, со причина за одбивање, на електронската адреса наведена во Тековната состојба на субјектот.

Банката нема да ги известува индивидуално кредитобарателите чии кредитни барања се пристигнати по исцрпување на средствата.

За исцрпување на средствата по објавениот Јавен повик, банката ќе објави на својата веб страница. 


Контакт со Секторот за кредитирање и комисиони работи:

Тел.: 02/3115-844, 02/3114-840 лок. 121, 122, 123, 124, 125, 126, 127.