Основни информации

Кредитна линија од компензациските фондови за поддршка на откупот на земјоделски производи (оризова арпа и црвена сорта на винско грозје-вранец) е воведена со цел обезбедување на дополнителни поволни ликвидни средства за откуп на земјоделски производи и навремена исплата на истите кон земјоделците. Кредитните средства се пласираат кон крајните корисници со каматна стапка од 1% фиксна годишно.


Средства на располагање

За откуп на оризова арпа вкупниот расположив кредитен фонд изнесува 240.000.000 денари, а за откуп на црвена сорта на винско грозје-вранец вкупниот расположив кредитен фонд изнесува 424.176.480 денари.


Цел на кредитната линија:

Обезбедување на дополнителни поволни ликвидни средства со цел поддршка на откупот на земјоделски производи (откуп на оризова арпа и црвена сорта на винско грозје-вранец).


Намена на кредитната линија:

Откуп на земјоделски производи и тоа откуп на оризова арпа и црвенa сортa на винско грозје-вранец.


Извори на средствата:

Компензациски фондови од странска помош и други фондови.


Квалификувани кредитобаратели:

Регистрирани откупувачи на земјоделски производи при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство - МЗШВ.



Услови на кредитната линија


Износ по проект:
  • До 30 000 000 денари за откуп на оризова арпа
  • До 130 000 000 денари за откуп на црвенa сортa на винско грозје-вранец

Кредитобарателите и со него поврзаните лица наведени во изјавата за поврзани лица може да користат средства кумулативно максимално до предвидениот износ на кредитот.

Рокови:
  • Откуп на оризова арпа: до 6 месеци рок на отплата со вклучен грејс период до 3 месеци сметано од првиот следен цел квартал  кој завршува на 25 јануари, 25 април, 25 јули и 25 октомври.
  • Откуп на црвена сорта на грозје-вранец: до 9 месеци рок на отплата со вклучен грејс период до 3 месеци  сметано од првиот следен цел квартал  кој завршува на 25 јануари, 25 април, 25 јули и 25 октомври.
Валута:

Исплата на кредитот, пресметување на камата и плаќање на доспеани обврски се врши во денари.

Каматна стапка за крајните корисници:

1% годишно фиксна каматна стапка

Начин на отплата:

Квартална отплата.

Крајни корисници и критериуми кои треба да бидат исполенти:

Регистрирани откупувачи на земјоделски производи при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство - МЗШВ.

Основни критериуми кои треба да бидат исполнети:

  • Степен на тековна ликвидност од минимум 0,5 пресметан како сооднос на тековни средства и тековни обврски во рамките на билансот на состојба за последната фискална година, освен доколку приложи банкарска гаранција,
  • Позитивен финансиски резултат во последната фискална година, освен доколку приложи банкарска гаранција,
  • Да нема достасани неизмирени обврски кон Република Северна Македонија, што се докажува со потврда од Министерство за финансии - Управата за јавни приходи,
  • Да нема неподмирени обврски кон земјоделците за што кредитобарателот доставува изјава заверена на нотар,
  • Согласно податоците од Кредитен регистар на НБРСМ да се во класификација подобра или еднаква на Б (просечна ризичност) или да немаат кредитна изложеност,
  • Главница и резервите во билансот на состојба од последната фискална година да биде минимум 20% од износот на бараниот кредит, освен доколку приложи банкарска гаранција,
  • да е регистриран откупувач на земјоделски производи при МЗШВ (се доставува решение за регистрација издадена од МЗШВ).

При проверка на исполнетоста на претходно наведените критериуми не се земаат во предвид изложеноста и билансите на поврзаните субјекти. 

Кредитобарателите и со нив поврзаните лица наведени во изјавата за поврзани лица може да користат средства кумулативно максимално  до предвидениот износ на кредитот.

Искористување на средствата од кредитот:

Кредитокорисникот треба средствата од кредитот да ги искористи за откуп на оризова арпа или за откуп на црвена сорта на винско грозје-вранец во рок од 30 дена од денот на приемот на средствата. За наменското искористување на средствата, кредитокорисникот доставува документација за извршените откупи (договори за откуп, и/или изводи и друга документација)  во рок од 15 дена од денот на плаќањето.  

Рефинансирање:

Предмет на кредитирање или рефинансирање може да бидат и неисплатени откупи и/или исплатени откупи направени во рок од 30 дена пред поднесувањето на барањето за кредит во РБСМ.

Обезбедување од крајните корисници:

Како обезбедување кон договорот за кредит потребно е кредитокорисникот да приложи: 

  • Хипотека од прв ред на недвижен имот со вредност најмалку во висина од 1:1 во сооднос со износот на одобрениот кредит и меница авалирана најмалку од еден од сопствениците кој располага со минимум 10% од основачкиот капитал на кредитокорисникот со менична изјава за уредување на правата и обврските по меницата во форма на нотарски акт со извршна клаузула или
  • Банкарска гаранција во висина на износот на одобрениот кредит

Процената на имотот предмет на обезбедување треба да е направена од страна на овластен проценител.

Задолжителна документација:

Целокупната документација за кредитот се поднесува до РБСМ (преку архивата на Банката или преку електронска пошта):
 

  1. Кредитно барање (формулар на РБСМ),
  2. Апликација за регистрација на клиент,-правно лице,
  3. Изјава за постоење својство носител на јавна функција на клиентот,
  4. Изјава за поврзаност со други правни/физички  лица,
  5. Тековна состојба на кредитобарателот и, Тековна состојба на вистински сопственици на субјект,
  6. ЗП образец,
  7. Копија од решение за откупувачи на земјоделски производи издаден од страна на МЗШВ,
  8. Биланс на состојба и биланс на успех за последната фискална година (копија),
  9. Ревизорски извештај (се однесува за трговски друштва кои согласно закон се обврзани да изготвуваат ревизорски извештај),
  10. Акционерска книга за акционерски друштва,
  11. Документација за можното обезбедување,
  12. Доказ за подмирени обврски кон Министерството за финансии - Управата за јавни приходи за даноци и придонеси,
  13. Изјава пред нотар дека нема достасани неизмирени обврски кон земјоделците,
  14. Преглед со податоци за:
Вид на производ
(оризова арпа/црвена сорта на винско грозје-вранец)
Единечна мерка
Количина
(откупена или планирана)
Цена во МКД
поеднинечна мерка
Вкупно во МКД

Начин на реализација на кредитната линија:

Кредитната линија се реализира директно преку Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје.
При обработката на барањата ќе се применува принципот „прв дојден прв услужен“.
Банката ќе ги прима барањата електронски (за барањата потпишани со квалификуван е-потпис) или во архивата на РБСМ.


Контакт со Секторот за кредитирање и комисиони работи:

Тел. 02/3115-844, 02/3114-840 лок. 121, 122, 124, 125.