Цел на кредитната линија:

Подобрување и развој на производните способности кај микро, малите и средните претпријатија чија основна дејност е производство, преработка на земјоделски производи или извоз на земјоделски производи и нивни преработки. Со тоа би се подобрил капацитетот на микро, малите и средните претпријатија за настап на домашниот и странските пазари и би се зголемиле инвестициите, вработеноста и конкурентноста во Република Северна Македонија.  


Намена на кредитната линија:

Набавка на основни и обртни средства и тоа:

  • разладни уреди за кондициско одржување на употребливата вредност на производите до нивната продажба;
  • машини за калибрирање и пакување;
  • изградба на нови и купување или модернизација на постоечки објекти за постбербени активности (складирање, кондициско одржување на производите до нивна продажба, калибрирање, пакување) за овошје и зеленчук и собирни центри за млеко;
  • откуп на примарни земјоделски производи наменети за извоз (100% домашно потекло);
  • откуп на преработени земјоделски производи наменети за извоз (100% домашно потекло);
  • амбалажа и етикетирање.

Средствата ќе се одобруваат за подобрување и развој на нивните производни способности, за настап на домашниот и странските пазари, зголемување на инвестициите, за зголемување на вработеноста, за продуктивно почетно инвестирање и за зголемување на конкурентноста.


Извори на средствата:

Компензациони фондови.


Квалификувани кредитобаратели:

Микро, мали и средни претпријатија (согласно Закон за државна помош) кои вршат извоз на примарни земјоделски производи и нивни преработки (регистрирани при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство - МЗШВ).



Услови на кредитната линија


Износ по проект:

Максимум до 30.750.000 денари

Рокови:
  • За основни средства: до 120 месеци со вклучен грејс период до 24 месеци.
  • За обртни средства: до 24 месеци со вклучен грејс период до 12 месеци.
Валута:

Исплата на кредитот, пресметување на камата и плаќање на доспеани обврски се врши во денари.

Каматна стапка за крајните корисници:

1% годишно фиксна каматна стапка

Крајни корисници и критериуми кои треба да бидат исполенти:

Микро, мали и средни претпријатија (согласно Закон за државна помош) кои вршат извоз на примарни земјоделски производи и нивни преработки (регистрирани при Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство - МЗШВ).

 

 Критериуми кои треба да бидат исполнети:

  • Сопствено учество најмалку 10% од вкупната  инвестиција (истото не мора да е во парични единици,  односно може да е и во средства);
  • Степен на тековна ликвидност минимум 0,5;
  • Степен за способност за сервисирање на долг  минимум 0,3;
  • Позитивен финансиски резултат во последната  фискална година;
  • Да нема достасани неизмирени обврски кон државата  (даноци, придонеси и др.)
  • Согласно кредитен регистар на НБРСМ, класификација  подобра или еднаква на „Б“

 

При проверка на исполнетоста на критериумите и класификацијата не се зема во предвид изложеноста и билансите на поврзаните субјекти.

 

Кредитокорисникот и со него поврзаните лица наведени во изјавата за поврзани лица може да користат само еден од кредитите од 3-те производи од „Кредититe за агросектор-КФ“ до максимално предвидениот износ на кредитот.

 

По исклучок, кредитобаратели можат да бидат:

  • Новоосновани претпријатија чии што основачи се  правни лица со позитивен финансиски резултат во  последната фискална година;
  • Претпријатија кои во последната фискална година  оствариле негативен финансиски резултат, доколку  обезбедат банкарска гаранција за одобрениот кредит.

 

Искористување на средствата од кредитот:

Средствата од одобрениот кредит се префрлаат по барање на корисникот на негова сметка и истите се користат само за намената за која се одобрени во рок од 90 дена од денот на приемот на средствата.
За наменското искористување на средствата, корисникот доставува фактури и банкарски изводи до банката во рок од осум дена од денот на плаќањето

Рефинансирање:

Предмет на кредитирање можат да бидат и набавки кои се реализирани до 180 дена пред поднесување на кредитното барање од страна на кредитобарателот до банката.
Како доказ за наменско искористување на средствата, кредитобарателот заедно со документацијата, дополнително ја доставува и целокупната документација за извршените набавки (фактури, договори за купопродажба, банкарски налози и изводи и друга документација)

Обезбедување од крајните корисници:

 Како обезбедување кон договорот за кредит на износ до 6.100.000 денари потребно е кредитокорисникот да приложи:

  • хипотека од прв ред на недвижен имот најмалку во висина од 1:1,00 во однос на износот на одобрениот кредит и пресметаната камата, и меница авалирана од сопственикот/сите сопственици на кредитокорисникот со менична изјава за уредување на правата и обврските по меницата во форма на нотарски акт со извршна клаузула, или 
  • банкарска гаранција во висина на износот на одобрениот кредит.

 

Како обезбедување кон договорот за кредит на износ над 6.100.000 денари потребно е кредитокорисникот да приложи:
  • хипотека од прв ред на недвижен имот најмалку во висина од 1:1,20 во однос на износот на одобрениот кредит и пресметаната камата, и меница авалирана од сопственикот/сите сопственици на кредитокорисникот со менична изјава за уредување на правата и обврските по меницата во форма на нотарски акт со извршна клаузула, или 
  • банкарска гаранција во висина на износот на одобрениот кредит.

 

Проценката на заложениот имот со хипотека се врши само при воспоставување на обезбедувањето од страна на овластен проценувач согласно позитивната законска регулатива.

Задолжителна документација:

Целокупната документација за кредитот се поднесува до РБСМ (во просториите на банката, електронски или преку препорачана пошта):


1. Барање за кредит (формулар на РБСМ);
2. Апликација за регистрирање на клиент-правно лице (формулар на РБСМ);
3а. Tековна состојба (не постара од 3 месеци, од ЦРСМ);
3б. Тековна состојба за вистински сопственик (не постара од 6 месеци, од ЦРСМ)
4. Докази за немање достасани неподмирени обврски кон државата (Уверение од УЈП);
5. Решение за упис во соодветните регистри на откупувачи на земјоделски производи при МЗШВ;
6. . Бизнис план или инвестициона програма;
7. ЗП образец (образец за потписници во име на фирмата, копија) и потписен картон од деловна банка (копија);
8. Документација за понуденото обезбедување на кредитот (доколку обезбедувањето е хипотека – копија од имотен лист, доколку обезбедувањето е банкарска гаранција – деловна банка која ќе ја издаде гаранцијата);
9. Биланс на состојба и биланс на успех најмалку за последната фискална година (копија);
10. Ревизорски извештај (за трговски друштва кои се обврзани да изготвуваат);
11. Акционерска книга или книга на удели;
12. Изјава за поврзаност со други правни/физички лица (формулар на РБСМ);
13. Документација за планираните набавки со средствата од кредитот;
14. Изјава за постоење својство носител на јавна функција на клиентот (формулар на РБСМ).


Формулари за аплицирање:

  • Кредитно барање
  • Апликација за регистрирање на клиент-правно лице
  • Изјава за поврзаност со други правни/физички лица
  • Изјава за носител на јавна функција

Контакт со Секторот за кредитирање и комисиони работи:

 Тел. 02/3115-844, 02/3114-840 лок. 122, 125.