Цел на кредитната линија:

Со цел намалување на последиците од светската енергетска и економска криза креирана е посебна кредитна линија за обртни средства за зголемени цени на енергенси преку банки учеснички 


Намена на кредитната линија:

Кредитите од кредитната линија за обртни средства за зголемени цени на енергенси преку банки учеснички се одобруваат за обртни средства.


Извори на средствата:

Министерство за финансии на Република Северна Македонија во износ од 610.000.000 денари.


Корисници:

Корисници на кредити од кредитната линија за обртни средства за зголемени цени на енергенси преку банки учеснички можат да бидат микро, мали и средни трговски друштва како и ТП, занаетчии (кои плаќаат давачки на реален приход).



Услови на кредитната линија:


Максимален износ на кредит кон краен корисник:

60.000.000 денари


(учеството на РБСМ во кредитирањето е 50%, односно и банката учесник учествува со 50% средства во структурата на кредитот). 

Рок на отплата:

 До 36 месеци со вклучен грејс период до 12 месеци

Каматна стапка за крајните корисници:

Каматната стапка за крајните корисници изнесува 0%.

(каматната стапка пресметана од деловната банка не смее да биде повисока од 3,5% годишно и истата ќе биде во целост субвенционирана од страна на РБСМ, со што крајната каматна стапка за крајните корисници ќе изнесува 0%)  

Крајни корисници:

Микро, мали и средни трговски друштва како и ТП, занаетчии (кои плаќаат давачки на реален приход).

 

Кредитобарателите треба да ги исполнат следните критериуми:

  • Регистрирани се во Република Северна  Македонија,
  • Се најмалку 51% во приватна сопственост,
  • Немаат неподмирени обврски кон државата докажано со потврда од УЈП не постара од 6 месеци од датумот на поднесувањето на барањето за кредит до деловната банка
  • Не се во постапка на стечај или ликвидација,
  • Имаат поднесено годишна сметка во Централен регистар за последната фискална година (во моментот за 2021 година), независно од месеците на работење,
  • Имаат запишано вистински сопственик во Регистарот за вистински сопственици при Централниот регистар на РСМ доколку е обврзник (Тековна состојба за вистински сопственик, потврда за вистински сопственик),
  • Согласно податоците од кредитен регистар на НБРСМ не постари од 3 месеци од датумот на поднeсување на барањето за кредит се во класификација подобра или еднаква на Б или кои немаат кредитна изложеност. Исклучок е доколку вкупната кредитна изложеност на банките кон одреден клиент е помала од 10.000 денари.
  • Кредитобарателот во 2022 година треба да има минимум 100% зголемени трошоци за енергенси во однос на 2021 година докажано со споредба на копија од една фактура за енергенси во првиот квартал од 2022 година со копија од една фактура за енергенси во првиот квартал од 2021 година.

Контакт со Секторот за кредитирање и комисиони работи:

Тел. 02/3115-844, 02/3114-840 лок. 121, 124, 127.


Банки учеснички кај кои може да се поднесе барање:

ШПАРКАСЕ БАНКА АД СКОПЈЕ

кредитирање: 02/3200-520
централа: 02/3200-576
contact@sparkasse.com.mk
https://sparkasse.mk

СТОПАНСКА БАНКА АД БИТОЛА

кредитирање: 047/207-522
централа: 047/207-500
contact@stbbt.com.mk
https://www.stbbt.mk/

СТОПАНСКА БАНКА АД СКОПЈЕ

кредитирање: 02/3295-524
централа: 02/3295-295
kontaktcentar@stb.com.mk
https://www.stb.com.mk

УНИ БАНКА АД СКОПЈЕ

кредитирање: 02/3286-025
централа: 02/3286-100
info@unibank.com.mk
https://www.unibank.mk

ХАЛКБАНК АД СКОПЈЕ

кредитирање: 02/3240-844
централа: 02/3240-800
info@halkbank.mk
https://www.halkbank.mk

TTK БАНКА АД СКОПЈЕ

кредитирање: 02/3236-456
централа: 02/3236-400
ttk@ttk.com.mk
https://www.ttk.com.mk

ПРОКРЕДИТ БАНКА АД СКОПЈЕ

кредитирање: 02/3219-927
централа: 02/3219-900
info@procreditbank.com.mk
https://www.pcb.mk