Цел на кредитната линија:

Со цел намалување на последиците од светската енергетска и економска криза е креирана посебна кредитна линија за енергетска ефикасност (ЕЕ) и обновливи извори на енергија (ОИЕ) преку банки учеснички.


Намена на кредитната линија:

Кредитите од кредитната линија за енергетска ефикасност (ЕЕ) и обновливи извори на енергија (ОИЕ) преку банки учеснички се одобруваат за обезбедување на средства за инвестиции во енергетска ефикасност (заштеда на енергија) и обновливи извори на енергија.


Извори на средствата:

Министерство за финансии на Република Северна Македонија во износ од 610.000.000 денари.


Корисници:

Корисници на кредити од кредитната линија за енергетска ефикасност (ЕЕ) и обновливи извори на енергија (ОИЕ) преку банки учеснички можат да бидат микро, мали и средни трговски друштва како и ТП, занаетчии.



Услови на кредитната линија:


Износ на проектот кој ќе биде кредитно поддржан:

  • Енергетска ефикасност (ЕЕ):
    Максимална вредност на проектот е 30.750.000 денари

    РБСМ ќе кредитира до 60% од износот на проектот односно до 18.450.000 денари

    Останатите минимум 40% ќе се кредитираат од останати извори како кредит од банката учесник или сопствени средства на инвеститорот (градежи, опрема, обртни средства, готовина и сл.)
     
  • Обновливи извори на енергија (ОИЕ):
    Максимална вредност на проектот е 49.200.000 денари

    РБСМ ќе кредитира до 60% од износот на проектот односно до 29.520.000 денари.

    Останатите минимум 40% ќе се кредитираат од останати извори како кредит од банката учесник или сопствени средства на инвеститорот (градежи, опрема, обртни средства, готовина и сл.)
Рок на отплата:

  • Енергетска ефикасност (ЕЕ):
    до 8 години со вклучен грејс период до 12 месеци
     
  • Обновливи извори на енергија (ОИЕ):
    до 12 години со вклучен грејс период до 24 месеци
Каматна стапка за крајните корисници:

До 1,6% годишно

Крајни корисници:

Микро, мали и средни трговски друштва како и ТП, занаетчии (кои плаќаат давачки на реален приход).

 

Кредитобарателите треба да ги исполнат следните критериуми:

  • Регистрирани се во Република Северна  Македонија,
  • Се најмалку 51% во приватна сопственост,
  • Немаат неподмирени обврски кон државата докажано со потврда од УЈП не постара од 6 месеци од датумот на поднесувањето на барањето за кредит до деловната банка,
  • Не се во постапка на стечај или ликвидација,
  • Имаат поднесено годишна сметка во Централен регистар за последната фискална година (во моментот за 2021 година), независно од месеците на работење,
  • Имаат запишано вистински сопственик во Регистарот за вистински сопственици при Централниот регистар на РСМ доколку е обврзник (Тековна состојба за вистински сопственик, потврда за вистински сопственик),
  • Располагаат со потребните дозволи за реализација на проектот за ЕЕ или ОИЕ,
  • Согласно податоците од кредитен регистар на НБРСМ не постари од 3 месеци од датумот на поднесување на барањето за кредит се во класификација подобра или еднаква на Б или кои немаат кредитна изложеност. Исклучок е доколку вкупната кредитна изложеност на банките кон одреден клиент е помала од 10.000 денари.
Намена:

  • Финансирање на проекти за енергетската ефикасност ЕЕ (заштеда на енергијата)
  • Финансирање на проекти за обновливи извори на енергија ОИЕ (хидроенергија, геотермална енергија, енергија од биомаса, енергија на ветер, сончева енeргија и сл.)

Контакт со Секторот за кредитирање и комисиони работи:

Тел. 02/3115-844, 02/3114-840 лок. 121, 124, 127.


Банки учеснички кај кои може да се поднесе барање:

ШПАРКАСЕ БАНКА АД СКОПЈЕ

кредитирање: 02/3200-520
централа: 02/3200-576
contact@sparkasse.com.mk
https://sparkasse.mk

СТОПАНСКА БАНКА АД БИТОЛА

кредитирање: 047/207-522
централа: 047/207-500
contact@stbbt.com.mk
https://www.stbbt.mk/

СТОПАНСКА БАНКА АД СКОПЈЕ

кредитирање: 02/3295-524
централа: 02/3295-295
kontaktcentar@stb.com.mk
https://www.stb.com.mk

УНИ БАНКА АД СКОПЈЕ

кредитирање: 02/3286-025
централа: 02/3286-100
info@unibank.com.mk
https://www.unibank.mk

ХАЛКБАНК АД СКОПЈЕ

кредитирање: 02/3240-844
централа: 02/3240-800
info@halkbank.mk
https://www.halkbank.mk

TTK БАНКА АД СКОПЈЕ

кредитирање: 02/3236-456
централа: 02/3236-400
ttk@ttk.com.mk
https://www.ttk.com.mk

ПРОКРЕДИТ БАНКА АД СКОПЈЕ

кредитирање: 02/3219-927
централа: 02/3219-900
info@procreditbank.com.mk
https://www.pcb.mk