Цел на кредитната линија:

Средствата од кредитите се одобруваат за поддршка на инвестиции во зелени проекти.


Намена на кредитната линија:

Финансирање на домашните компании преку банки учеснички за инвестиции во зелени проекти насочени кон адаптирање или ублажување на ефектите од климатските промени. До 30% од износот на кредитот може да бидат за обртни средства.


Извори на средствата:

Француска развојна агенција (АФД) во износ од 50 милиони евра.


Квалификувани кредитобаратели:

Потенцијални корисници можат да бидат домашни претпријатија кои имаат:
 

  1. не повеќе од 250 постојано вработени лица, и
  2. или годишен обрт не поголем од 50 милиони евра или
    годишен биланс на состојба што не надминува 43 милиони евра.


Услови на кредитната линија:


Износ на поединечен кредит наменет за крајните корисници:

Зелени проекти:

  • минимум 5.000 евра
  • максимум до 1.500.000 евра

* до 30% од износот на кредитот може да бидат за обртни средства.

Рок на отплата:
  • минимум 5 години,
  • максимум до 15 години,
Вклучен грејс период:

 До 3 години.

Каматна стапка за крајните корисници:

До 3,5% годишна, фиксна

Задолжителни критериуми за крајните корисници

(во фаза на изработка со консултанти назначени од АФД)

Забрани и исклучувања:

Согласно листите на РБСМ, ЕУ, САД и Франција.

Задолжителна документација:

  • Согласно кредитните политики и процедури на банките учеснички.

Контакт со Секторот за кредитирање и комисиони работи:

Тел. 02/3115-844, 02/3114-840 лок. 121, 124, 127.