Цел на кредитната линија:

Оваа кредитна линија има за цел финансирање на инвестициите и развојот на микро, малите и средни трговски друштва.


Намена на кредитната линија:

Финансирање на проекти кај микро, мали и средни претпријатија (ММСП согласно дефиницијата на ЕУ) со позитивен придонес врз креирањето на нови работни места кај кои е предвидено набавка на основни средства како: изградба, реновирање и модернизирање на згради директно поврзани со проектот, опрема и машини, хардвер, софтвер и дигитална технологија.


Извори на средствата:

Банката за развој при Советот на Европа (ЦЕБ) во износ од 50 000 000 евра.
(До 70% од кредитниот потенцијал на кредитната линија)


Квалификувани кредитобаратели:

Како потенцијални корисници можат да се јават микро, мали и средни претпријатија (ММСП согласно дефиницијата на ЕУ) кои се регистрирани во Р. Северна Македонија.



Услови на кредитната линија:


Износ на поединечен кредит наменет за крајните корисници:

 Минимум:        5 000 ЕУР
Максимум: 1 400 000 ЕУР

Рок на отплата:

До 8 години.

Вклучен грејс период:

До 1 година.

Каматна стапка за крајните корисници:

Се утврдува при повлекување на средствата/траншата од ЦЕБ.

Начин на отплата:

Квартална отплата.

Учество на ЦЕБ кредитната линија во поддршка на проектот:

До 70%.

Исплата и наплата кон БУ:

Во девизи (ЕУР).

Забрани и исклучувања:
  • Максимална вредност на проектот по ММСП е 2 000 000 ЕУР,
  • Се кредитира до 70% од вредноста на проектот,
  • Не е дозволено кредитирање на проекти од областа на: обновливи извори на енергија (освен ако купувањето на сончеви панели е со намена за добивање на енергија за сопствени потреби), школи и факултети, болници, факторинг, производство на тутун, вадење на руда, хемиска индустрија и вештачки ѓубрива, јаглен и нафтена индустрија, нуклеарно гориво, производство на оружје и воена опрема, финансиски и осигурителни активности, недвижности и коцкање.

Контакт со Секторот за кредитирање и комисиони работи:

Тел. 02/3115-844, 02/3114-840 лок. 121, 124, 127.


Банки учеснички кај кои може да се поднесе барање:

КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ

кредитирање: 02/3168-504
централа: 02/3168-168
contact@kb.com.mk
https://kb.com.mk

НЛБ БАНКА АД СКОПЈЕ

кредитирање: 02/510-638
централа: 02/15-600
info@nlb.mk
https://nlb.mk/

ПРОКРЕДИТ БАНКА АД СКОПЈЕ

кредитирање: 02/3219-927
централа: 02/3219-900
info@procreditbank.com.mk
https://www.pcb.mk

ХАЛКБАНК АД СКОПЈЕ

кредитирање: 02/3240-844
централа: 02/3240-800
info@halkbank.mk
https://www.halkbank.mk