Што е кредитно осигурување?

Во денешната трговија најчест предуслов за реализирање на одреден договор е да се продава на отворено. На тој начин се создава кредитен однос помеѓу продавачот и неговиот купувач кој носи дополнителни трошоци, како и дополнителни ризици за продавачот. Покрај тоа што продавачот ќе чека подолго за неговата наплата, и самата вредност на побарувањата секој ден ќе биде сé помала. Трговскиот натпревар, посебно на меѓународниот пазар е премногу неизвесен, а реализацијата на проектите носи низа ризици. Овие ризици можат да се намалат со соодветни инструменти за осигурување.

Kредитното осигурување е инструмент за поддршка на македонските трговски друштва кои продаваат на отворено, на домашен и меѓународен пазар, преку осигурување на нивните краткорочни побарувања (рок до 360 дена) од комерцијални и политички ризици.

Целта на кредитното осигурување е намалување на ризиците со кои се соочуваат македонските ��рговски компании.
Комерцијалните ризици настануваат кога купувачот не плаќа поради неликвидност (180 дена продолжено неплаќање) или стечај.
Политичките ризици пак, настануваат кога купувачот не плаќа поради одредени случувања во земјата, како војна, граѓански немири, окупација, револуција, укинување на дозволи, непочитување на договор, мораториум... 


Кој може да користи кредитно осигурување?

Корисници на кредитното осигурување можат да бидат трговски друштва регистрирани во Република Северна Македонија кои вршат продажба на стоки и услуги на отворена сметка, со рок на плаќање до 360 дена.


Што обезбедува кредитното осигурување?

Кредитното осигурување обезбедува:

  • Сигурност во наплатата на побарувањата во земјата и странство;
  • Подобра ликвидност и билансната состојба на трговските друштва во РСМ;
  • Влез на нови пазари и опстојување на постојните пазари;
  • Поедноставен пристап до финансиски средства на пазарот на капитал.