Производи

Домашен факторинг

  • Со воведувањето на факторинг на домашни побарувања РБСМ ќе допринесе за полесно краткорочно финансирање на компаниите, за нивните тековни потреби со што ќе претставува еден вид на акцелератор на бизнис циклусите во претпријатијата.
  • Исто така со воведување на домашниот факторинг РБСМ ќе влијае за подобрување на ликвидноста на македонските компании со што ќе се овозможи подобрување на паричните текови на компаниите.
  • Како целна група односно корисници на факторинг на домашни побарувања се сите компании кои продаават со одложен рок на плаќање.

 

Како до факторинг услугата?
За да се користи факторинг услугата, треба да се пополни прашалник и апликација за лимит за домашен купувач и да се достави заедно со бараната документација во просториите на РБСМ.
Доколку биде одобрена апликацијата за факторинг, се потпишува и заверува Договор за факторинг (нотарска заверка).
Секоја фактура се пријавува во РБСМ, на чија основа се исплаќаат средствата (авансот од 80% од износот на фактурата) на сметка на клиентот/ извозникот.
Корисници на факторингот можат да бидат трговски друштва регистрирани во РСМ кои вршат продажба на стоки и услуги во странство на одложено плаќање до 180 дена.

Доколку во рок од 180 дена од денот на доспевање на фактурата нема плаќање од страна на домашен купувач, се активира регресното право (РБСМ го враќа побарувањето на клиентот). За овие 180 дена се пресметува редовна камата од 3,2% годишно, додека по активирање на регресот се пресметува законска затезна камата.

Цена на факторингот
Цената на факторингот се пресметува врз основа на исплатениот аванс од 80% од износот на фактурата и се состои од:

  • каматна стапка која изнесува 3,2% на годишно ниво (каматата се пресметува на исплатениот аванс од 80% од износот на фактурата на реален број на денови)
  • провизија за управување која изнесува 0,2% еднократно (провизијата се пресметува на целокупниот износ на фактурата)