Производи

Гаранции

 

Што е гаранција?

Гаранција е инструмент со кој гарантот (Развојна банка на Северна Македонија) се обврзува кон доверителот дека ќе ја исполни полноважната и стасана обврска на должникот (клиентот на Развојна банка на Северна Македонија), ако тоа не го стори должникот.

 

Гаранции кои ги нуди банката

Банката нуди два вида гаранции директно кон крајните корисници, и тоа:

  • Индивидуална гаранција од Гарантен фонд, наменета за големи трговци кои што вршат извоз; и
  • Царинска гаранција наменета за домашни компании кои што вршат увоз заради облагородување и повторен извоз.

Банката нуди и портфолио гаранции за банки и штедилници со кои се гарантира до 80% од износот на новоодобрени кредити за тековни средства, односно до 50% од износот на новоодобрени кредити за основни средства за микро, мали и средни трговци.

 

Гарантен фонд (Кредитно-гарантна шема)

Со измените и дополнувањето на Законот за Развојна банка на Северна Македонија („Службен весник на РСМ“ бр. 77/21), во Развојна банка на Северна Македонија се формираше Гарантен фонд како посебна организациона единица – одделение Гарантен фонд во рамки на Секторот за кредитирање и гаранции. Гарантниот фонд е столбот на кредитно-гарантната шема преку која се поддржува приватниот сектор, преку обезбедување на дел од колатералот за кредити одобрени од банки и штедилници.

Гарантниот фонд е формиран со средства од Буџетот на Република Северна Македонија, во износ од 10 милиони евра.

Рамките на кредитно-гарантната шема, ограничувањата на Гарантниот фонд, начинот на финансирање, прифатливи кредити за гарантирање, како и известувањето се уредени со самиот закон.

Од Гарантниот фонд, се реализираат два производи:

  • Портфолио гаранции кон банка или штедилница, за новоодобрени кредити на микро, мали и средни трговци; и
    Максималниот износ на гаранција е до 80% за кредити за обртни средства и до 50% за кредити за основни средства.
  • Индивидуални гаранции за големи компании кои вршат извоз (најмалку 30% од приходите во последната фискална година да доаѓаат од извоз), со кои се гарантира во име на компанијата кон банка или штедилница.
    Максималниот износ на гаранција е до 50% од износот на кредитот.

 

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОПОЛНИТЕЛЕН ГРЕЈС ПЕРИОД И РОК НА ОТПЛАТА ЗА „КОВИД 3"                                                               ПЛАСИРАЊЕ НА 16,9 МИЛИОНИ ЕВРА КОН ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ ПРЕКУ РБСМ                                                               ИНДИВИДУАЛНИ ГАРАНЦИИ од Гарантен фонд до 50% од износот на кредитот и без надомест за компаниите до 31.12.2022 година.                                                               ПОРТФОЛИО ГАРАНЦИИ.                                                               ИНСТРУКЦИИ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА ОБВРСКИТЕ ПО КРЕДИТНИТЕ ЛИНИИ: „КОВИД-1“, „КОВИД-2“ И „КОВИД-3“.
Контакт