За МБПР

Кире Наумов

 >>Управувачка структура

 

 

Лични податоци

Адреса: Скопје, Северна Македонија
Националност: Македонец
Роден: 10 јануари, 1971
Брачен статус: Оженет, татко на две деца
Јазици: Англиски јазик



Резиме

Повеќе од 20 години вклучен во економските прашања поврзани со јавниот долг и јавните финансии, предизвиците на приватниот сектор и јавните политики. Искуство од повеќе од 7 години во советување на креаторите на јавните политики со силна волја да допринесе кон поефикасен, транспарентен и одговорен јавен финансиски сектор. Голем критичар на јавни политики кои резултираат во непродуктивно трошење и пораст на јавниот долг, како и воопшто нетранспарентни јавни процеси.
Човек што доживотно сака да учи и ужива да чита посебно теми од политика, јавни политики, историја и индикатори на економски развој.



Кариера

2019- Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје
Позиција Главен извршен директор
   
2017-2019 Министерство за економија на Република Северна Македонија
Позиција Заменик на министерот
   
2015-2016 Министерство за финансии на Република Македонија
Позиција Дополнителен заменик министер за финансии
   
2009-2015 Осигурително брокерско друштво
Позиција Претседател на одбор на директори на осигурително брокерско друштво
   
2007-2010 Економски факултет-Скопје, Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје
Позиција Асистент во област математика и статистика
   
2006-2007 Агенција за разузнавање на Република Македонија
Позиција Директор
   
2004-2006 Претседател на Република Македонија
Позиција Советник за економски прашања на Претседателот на Република  Македонија
   
2003-2004 Влада на Република Македонија
Позиција Советник за економски прашања на Претседателот на Владата на Република Македонија
   
1997-2003 Економски факултет-Скопје, Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје
Позиција Асистент во област математика и статистика
   
1996-1997 Агенција за трансформација на претпријатијата со општествен капитал
Позиција Соработник во Сектор за финансии и контрола



Образование

1998- Економски факултет на Универзитет во Белград
Поле на студии Запишани постдипломски студии во област на актуарство и осигурување
1995 Економски факултет Скопје, Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје
Поле на студии Дипломски студии по деловна економија



Авторски придонеси

2016 Јавен долг: состојба, предизвици и можни решенијаподдржана од ФЕС  
2009 Применета математика - збирка задачи - објавена од Економски факултет - Скопје
2002 Модели за пресметување на каматата - објавен од Економски факултет - Скопјe
2000 Континуален модел за животна рента - објавен од Економски факултет - Скопје