Цел на кредитната линија: Финансиска поддршка и поддршка на ликвидноста на микро, мали и средни трговски друштва, трговци поединци, занаетчии кои плаќаат данок на реален приход, ПЗУ, кои се регистрирани во Република Северна Македонија и погодени од пандемијата COVID-19.
Извори на средства: Кредитната линија Ковид 4 ќе се реализира со средства од Фондот за финансиска поддршка и поддршка на ликвидноста, формиран со средства од буџетот на Република Северна Македонија во износ од 615.000.000 денари.
Услови на кредитната линија:
Рок на отплата: | од 36 до 42 месеци |
Вклучен грејс-период: | до 12 месеци |
Начин на отплата: | квартална |
Намена: | за тековни средства и ликвидност |
Каматна стапка: | 0% |
Валута: | денари |
Административен трошок |
0 ден. |
Износи на кредитот: | Износот на кредитот зависи од бројот на вработени и падот на приходите. Максималниот износ на кредит кој ќе биде одобрен на кредитокорисникот не може да биде повисок од 1.845.000 денари, а минималниот износ на кредит не може да биде под 184.500 денари.
Број на вработени од формулата, се утврдува од копија од МПИН образец за плата, |
Начин на пласирање: | Одобрениот кредит се исплаќа директно на кредитокорисникот согласно инструкциите наведени во Барањето за кредит кое го поднесува барателот согласно овој Јавен повик. |
Квалификувани кредитобаратели: |
1. Микро, мали и средни трговски друштва (со приоритетна дејност согласно тековната состојба) од следните сектори погодени од кризата COVID 19 и тоа: 49.10 - Патнички железнички транспорт, меѓуградски, 49.31 - Градски и приградски патнички копнен транспорт 49.39 - Друг патнички копнен транспорт, неспомнат на друго место, 49.41 - Товарен патен транспорт, 50.3 - Внатрешен патнички воден транспорт, 52.21 - Услужни дејности поврзани со копнениот превоз, 52.24 - Претовар на товар, 52.29 - Останати придружни дејности во превозот, 55.1 - Хотели и слични објекти за сместување, 55.10 - Хотели и слични бјекти за сместување, 55.2 - Одморалишта и останати објекти за пократок престој, 56.1 - Ресторани и останати објекти за подготовка и послужување на храна, 56.10 - Ресторани и останати објекти за подготовка и послужување на храна, 56.29 - Останати услуги за подготвување и служење на храна, 56.3 - Подготовка и послужување на пијалоци, 59.11 - Дејности на производството на филмови, видеофилмови 77.39 - Изнајмување и давање под закуп (лизинг) на останати 79.1 - Дејности на туристичките агенции и организаорите на патувања (туроператори), 79.11 - Дејности на туристичките агенции, 79.12 - Дејности на организатори на патувања (туроператори) 82.30 - Организација на состаноци и деловни саеми 90.01 - Изведувачка уметност 90.02 - Помошни дејности во изведувачката уметност 90.04 - Дејности на објекти за културни манифестации 2. Трговци-поединци (ТП) независно од шифрите на дејност 3. Занаетчии (кои плаќаат давачки на реален приход) независно од шифрите на дејност и 4. Приватни здравствени установи (ПЗУ). Кредитобарателот може да ја провери својата класификација по големина со увид во негова тековна состојба. |
Критериуми за одобрување: |
Кредитобарателите треба да ги исполнат следните критериуми:
|
Обезбедување на кредитите: |
меница од кредитокорисникот авалирана од еден од сопствениците на |
Критериуми за одлучување за распределба на средствата: | |
- | Квалификуван кредитокорисник кој ги исполнува критериумите за одобрување на кредит по принципот ,,ПРВ ДОЈДЕН, ПРВ УСЛУЖЕН”. |
- | Кредитните барања се обработуваат хронолошки како што се пристигнати на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. |
ГРАНТ КОМПОНЕНТА
Услови за аплицирање за грант:
Субјектите кои ќе бидат корисници на кредит од кредитната линија ,,Ковид 4”, ќе имаат можност за користење |
|
- | Подмирени најмалку 40% од обврските по основ на одобрен кредит; |
- | Да нема регистрирано доцнење при сервисирање на обврските по основ на кредитот подолго од 30 дена; и |
- | Да нема извршено предвремена отплата на кредитот. |
Исполнетоста на критериумите за користење на грант ќе се оценува во моментот на поднесување на Барање за грант (барање за отпуштање на долг).
Критериуми за одредување на износ на грант компонентата: | |
1. |
Бројот на вработени во 2021 година во однос на 2020 година да е зголемен за најмалку 5,0% |
2. |
Вкупните приходи за 2021 година се зголемени најмалку за 10,0% споредено со вкупните приходи |
Кредитокорисникот кој го исполнува условот под број 1 има право на грант во висина од 20% од износот на кредитот. |
Кредитокорисникот кој го исполнува условот под број 2 има право на грант во висина од 30% од износот на кредитот. |
Доколку кредитокорисникот ги исполни и двата услова кумулативно има право на грант во висина од 50% од износот на |
РБСМ го одобрува барањето за грант компонентата и врши отпуштање на долг во процентот |
Задолжителни документи:
- Кредитно барање (формулар објавен на веб страницата на банката без кој другите доставени документи од субјектите нема да бидат процесирани),
- Апликација за регистрација на клиент-правно лице (образец објавен на веб страницата на банката),
- Изјава за поврзаност со други правни/физички лица (образец објавен на веб страницата на банката),
- Изјава за постоење својство на носител на јавна функција (образец објавен на веб страницата на банката),
- Изјава за проверка на кредитна изложеност (образец објавен на веб страницата на банката),
- ЗП образец (образец за заверен потпис кој е достапен на веб страницата на ЦРМ),
- МПИН од месеците јануари, февруари или март 2021 година (за утврдување на број на вработени),
Документација која кредитобарателот треба да ја достави, а која доколку не биде доставена од кредитобарателот банката ќе ја обезбеди по службена должност:
- Тековна состојба не постара од 6 месеци (од Централен регистар на РСМ),
- Тековна состојба за вистински сопственик (од Централен регистар на РСМ),
- Годишна завршна сметка за 2019 година и за 2020 година (од Централен регистар на РСМ),
- Доказ дека не е отворена стечајна, односно ликвидациона постапка, односно документи (1) Потврда за стечај и (2) Потврда за ликвидација (од Централен регистар на РСМ).
Начин на реализација на кредитната линија
За кредитната линија е објавен Јавен повик бр. 1 на 07.07.2021 година.
Кредитните барања за јавниот повик се доставуваат 20 дена, со почеток од 15 јули 2021 година од 09:00 часот и завршува на 03 август 2021 година во 23:59 часот.
Електронската адреса на која треба да пристигнат кредитните барања ќе биде НЕАКТИВНА пред 09:00 часот.
Обработката на пристигнатите кредитни барања ќе отпочне по затворање на јавниот повик.
Документите кои се доставуваат на јавниот повик се неповратни.
Несоодветните кредитни барања на неквалификувани кредитокорисници нема да се разгледуваат.
Некомплетните барања за кредит нема да се разгледуваат сè додека не се дополнат.
Пристигнатите документи без Кредитно барање (образец на веб страната на банката) нема да се обработуваат сè додека не се поднесе Кредитното барање.
Банката не сноси никакви трошоци настанати со подготовка, составување и доставување на барањата за кредит, така што учесникот на јавниот повик нема право на надомест на било какви трошоци по основ на учество на овој јавен повик.
Банката ќе ги извести барателите на кредит на коишто им е одобрен кредит врз основа на доставено Кредитно барање, на електронската адреса наведена во Тековната состојба на субјектот.
Банката ќе ги известува кредитобарателите чии кредитни барања се одбиени, со причина за одбивање, на електронската адреса наведена во Тековната состојба на субјектот.
Банката нема да ги известува индивидуално кредитобарателите чии кредитни барања се пристигнати по исцрпување на средствата.
За исцрпување на средствата по објавениот Јавен повик, Банката ќе објави информација за јавност на својата веб страница.