Вести


„МБПР со добри резултати и во 2014 година“
Бесим Билали, член на УО и главен оперативен директор

„Улогата на МБПР во поддршката на микро, мали и средни претпријатија и на извозот“Александар Станојковски, директор на сектор за кредитирање и гаранции

 


 


МБПР повлекува нова транша од кредитот од 100 милиони евра во јуни

Македонските компании досега искористиле 44 милиони евра од последната кредитна линија од Европската инвестициска банка од 100 милиони евра. Од Македонската банка за поддршка и развој (МБПР) најавуваат дека веќе се подготвува повлекување на уште една транша во јуни.
Според информациите од МБПР, најголем дел од овие кредити се земаат за инвестициски проекти и се проценува дека со нивна реализација, ќе се отворат над 1.000 нови работни места.
Банкарите пак велат дека сепак доминираат барања за кредити за обртен капитал.
„Интересот за кредитните линии од ЕИБ е голем. Ова се однесува за потенцијалните нови проекти, но и за рефинансирање на веќе завршени проекти, што значи обезбедување на поевтин извор на финансирање. Секоја нова транша е добродојдена во овие влошени услови на економска активност, иако евидентен е трендот на намалување на бројот на барања за нови инвестициски проекти. Новите барања во најголем дел се за обртни средства и за рефинансирање на завршена инвестиција. Факт е дека постои тенденција на намалување на каматните стапки на пазарот, што во некој дел ја намалува корисноста од оваа линија, кај која главна предност е ниската каматна стапка од 5,5%“, објаснуваат од Комерцијална банка.
МБПР досега има искористено во целост две кредитни линии од 100 и 50 милиони евра од ЕИБ.


 


Државата нуди поволни кредити за земјоделците

Повеќе од 6,5 милиони евра имаат на располагање земјоделците преку Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР) што може да ги користат по исклучително поволни услови за повеќе намени, примарно производство, откуп, преработка и извоз . Како што изјави вчера владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев, каматата на овој финансиски инструмент е само 3 отсто, а грејс-периодот од шест месеци до една година за кредити на 18 месеци, односно пет години. Притоа, аплицирањето не е преку деловните банки, туку директно во МБПР, што претставува дополнително олеснување.
- Максималниот лимит на една кредитна транша е 300.000 евра за примарно производство или 500.000 евра за откуп, преработка и за извоз - вели Ѓорѓиев.
Со оваа мерка, освен идни проекти, се поддржуваат и реализираните 90 дена пред поднесувањето на кредитното барање. Рокот од 30 дена за поднесување на документите за правдање на потрошените средства е зголемен на 90 дена.
Земјоделците можат да користат средства и преку Земјоделскиот кредитен гарантен фонд, кој финансира проекти со максимален износ до 100.000 евра. Реализацијата на заемите е во соработка со деловните банки и штедилниците. Каматната стапка е меѓу 4 и 5 отсто за банкарски кредит, а 6 отсто за заем преку штедилниците.
Портпаролот потсети и на кредитната линија од 100 милиони евра обезбедени преку Европската инвестициска банка, средства што земјоделците може да ги користат со 5,5 отсто субвенционирана каматна стапка. Од оваа кредитна линија досега се искористени над 50 милиони евра, веќе се обработуваат барања за уште 17 милиони евра, што значи дека за земање остануваат уште 32 милиона евра.      


Поволни земјоделски кредити преку МБПР

Земјоделците имаат на располагање повеќе од 6,5 милиони евра преку Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР), кои може да ги користат по исклучително поволни услови за повеќе намени, примарно за производство, откуп, преработка и извоз, велат во Владата.
Оттаму објаснуваат дека каматата на овој финансиски инструмент е само 3 отсто, а грејс-периодот е од шест месеци до една година во зависност од големината на сумата. Притоа, аплицирањето не е преку деловните банки, туку директно во МБПР, што претставува дополнително олеснување. Реакцијата на Владата следува по завчерашната изјава на Федерацијата на фармери на Македонија дека кредитите што банките ги нудат за земјоделците се со високи камати и неповолни рокови за отплата.
- Максималниот лимит на една кредитна транша е 300.000 евра за примарно производство или 500.000 евра за откуп, преработка и извоз - изјави портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев.
Земјоделците можат да користат средства и преку Земјоделскиот кредитен гарантен фонд, кој финансира проекти со максимален износ до 100.000 евра. Реализацијата на заемите е во соработка со деловните банки и штедилниците. Kаматната стапка е меѓу 4 и 5 отсто за банкарски кредит, а 6 отсто за заем преку штедилниците.
Портпаролот потсети и на кредитната линија од 100 милиони евра обезбедени преку Европската инвестициска банка, кои земјоделците може да ги користат со 5,5 отсто субвенционирана каматна стапка. Од вкупно проектираните 10,7 милиони евра обезбедени со докапитализација на МБПР, досега се искористени 3,9 милиони евра, главно за грозје, житни култури и за раноградинарство.

(В.А.)


Одобрени 6,5 милиони евра за земјоделците

Владата денеска најави дека повеќе од 6,5 милиони евра имаат на располагање земјоделците преку Македонската банка за поддршка на развојот. Каматата на овој финансиски инструмент е само три проценти, а грејс периодот од шест месеци до една година за кредити на 18 месеци, односно пет години.
- Максималниот лимит на една кредитна транша е 300.000 евра за примарно производство или 500.000 евра за откуп, преработка и извоз - изјави владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
Рокот од 30 дена за поднесување на документите за правдање на потрошените средства, е зголемен на 90 дена.

Подкатегории

Страница 1 од 3

ЈАВЕН ПОВИК БР. 1 ЗА ПОДДРШКА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ВЛИЈАНИЕТО НА COVID-19 ВО ЕКОНОМИЈАТА                                                               ИНФО ЗА ДОПОЛНИТЕЛНИ МЕРКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ВЛИЈАНИЕТО НА КОВИД-19 ВО ЕКОНОМИЈАТА (КОВИД2 И ЕИБ)                                                               ЈАВЕН ПОВИК БР. 1 ЗА ПОДДРШКА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ВЛИЈАНИЕТО НА COVID-19 ВО ЕКОНОМИЈАТА                                                               ИНФО ЗА ДОПОЛНИТЕЛНИ МЕРКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ВЛИЈАНИЕТО НА КОВИД-19 ВО ЕКОНОМИЈАТА (КОВИД2 И ЕИБ)                                                               ЈАВЕН ПОВИК БР. 1 ЗА ПОДДРШКА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ВЛИЈАНИЕТО НА COVID-19 ВО ЕКОНОМИЈАТА                                                               ИНФО ЗА ДОПОЛНИТЕЛНИ МЕРКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ВЛИЈАНИЕТО НА КОВИД-19 ВО ЕКОНОМИЈАТА (КОВИД2 И ЕИБ)                                                               ЈАВЕН ПОВИК БР. 1 ЗА ПОДДРШКА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ВЛИЈАНИЕТО НА COVID-19 ВО ЕКОНОМИЈАТА                                                               ИНФО ЗА ДОПОЛНИТЕЛНИ МЕРКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ВЛИЈАНИЕТО НА КОВИД-19 ВО ЕКОНОМИЈАТА (КОВИД2 И ЕИБ)