Вести

+ Инфо /бизнис, 10.04.2013


Одобрени 6,5 милиони евра за земјоделците

Владата денеска најави дека повеќе од 6,5 милиони евра имаат на располагање земјоделците преку Македонската банка за поддршка на развојот. Каматата на овој финансиски инструмент е само три проценти, а грејс периодот од шест месеци до една година за кредити на 18 месеци, односно пет години.
- Максималниот лимит на една кредитна транша е 300.000 евра за примарно производство или 500.000 евра за откуп, преработка и извоз - изјави владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
Рокот од 30 дена за поднесување на документите за правдање на потрошените средства, е зголемен на 90 дена.