Вести


МБПР СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ПРВАТА ТРАНША
Кредитна линија од ЕИБ вредна 50 милиони евра

За поддршка на бизнисот на малите и средни компании наскоро се очекуваат свежи пари. Во Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР) се прават подготовки за повлекување на првата транша од кредитот од ЕИБ. Заклучно со 18 ноември годинава од страна на осум деловни банки се добиени барања за кредитна поддршка на 87 проекти во износ од околу 19,5 милиони евра.

За активностите на МБПР деновиве се дискутираше и на Економскиот совет. Владините министри ја разгледа информацијата за реализација на кредитната линија од Европската инвестициска банка (ЕИБ) во износ од 50 милиони евра, подготвена од Македонската банка за поддршка на развојот.
-Од 87 проекти ,73 отсто од вредноста на кредитите е наменет за инвестиции со рок на отплата од три до осум години, додека 27 проценти се за набавка на обртни средства со рок на отплата до 3 години-информираат од владината прес-служба. Според нив тоа е во согласно анализите и проекциите, а се очекува до крајот на годината да се повлечат меѓу 19 и 25 милиони евра, како и да се достави барање за повлекување на дополнителни 10 до 15 милиони евра.
На седницата на Економскиот совет со која претседаваше премиерот Никола Груевски главна тема беа и тековните макроекономски движења и информациите за повеќе тековни проекти и активности од економската сфера.

Се разгледуваа и информации во врска со доуредувањето на одредени модалитети кои имаат за цел унапредување и зајакнување на системот на социјалната политика, како и унапредување на грижата за социјално ранливите групи.

(В.Ма.)


НОВИ ФИНАНСИСКИ ПРОИЗВОДИ
Со факторингот наплатата оди веднаш

Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР) од овој месец почнува со услугата факторинг, односно ќе ги откупува побарувањата на фирмите и ќе им исплаќа аванс од 80% од вредноста на фактурата, додека другите 20% извозникот ќе ги добие откако купувачот ќе ги префрли парите

Македонските фирми-извознички отсега ќе имаат помош и од државата при наплатата на своите побарувања од странство. Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР) од овој месец почнува со услугата факторинг, односно ќе ги откупува побарувањата на фирмите и ќе им исплаќа аванс од 80% од вредноста на фактурата, додека другите 20% извозникот ќе ги добие откако купувачот ќе ги префрли парите. За услугата факторинг ќе може да аплицираат само фирми кои претходно ги имаат осигурено своите фактури од комерцијален и од политички ризик, исто така во МБПР, којашто осигурувањето на извозните побарувања го нуди веќе неколку години.
Цената на факторингот е каматна стапка од 8% на годишно ниво, пресметана врз основа на исплатениот аванс од 80% од износот на фактурата и за периодот кој е одреден како рок за плаќање на фактурата од страна на купувачот. Исто така, МБПР наплаќа и еднократна провизија за управување од 0,33% еднократно, но од целиот износ на фактурата.
На пример, ако македонска компанија има побарување од 100 илјади евра од некој странски купувач и рокот за плаќање на фактурата е 60 дена, компанијата од МБПР веднаш ќе добие 80 илјади евра, ќе треба да плати камата од 1.060 евра и провизија од 330 евра. Ако странскиот купувач ја плати обврската во договорениот рок, тој тие 100 илјади евра ги префрла на сметката на МБПР и тогаш нејзиниот клиент, корисник на факторингот, го добива остатокот од парите со одбиени камати и провизии.
“На факторингот не му е целта само да се направи авансна исплата, туку фирмите да се тргнат од обврската за менаџирање на наплатата на своите побарувања. Наместо нив, МБПР ќе води сметка која фактура кога достасува и потоа ние им се јавуваме на должниците, но во координација со клиентот, секако“, велат во Секторот за факторинг при МБПР.
Во моментов повеќе компании кои досега ги осигурувале своите фактури кај МБПР чекаат на одобрување за користење факторинг. Најмногу се заинтересирани фирми од секторот прехрана, текстил, кондиторска и автомобилска индустрија.
За факторинг во Македонија се зборува уште од пред 7-8 години. SEED, делот за развој на регионалните компании во рамките на Меѓународната финансиска корпорација, го спроведуваше проектот за запознавање со факторингот. Потоа компанијата ЕОС Матриџ, којашто нуди услуги во областа менаџмент со побарувања, почна прва сериозно да го нуди факторингот како можност за откуп на побарувањата.
Стојче Тасков, регионален директор на групацијата ЕОС за Југоисточна Европа, вели дека факторингот е специфична форма на финансиски инструмент што не ја зголемува задолженоста на компаниите.
“Со користење факторинг едноставно парите што се заработени се добиваат побрзо отколку да се чека рокот на достасување на фактурата. Освен што се обезбедуваат слободни парични средства, со продавање на фактурите истовремено се пренесува и ризикот од наплата/ненаплата на фактурите. Со тоа компаниите се ослободени од трошоци за наплата, од трошоци за мониторинг на фактурите и имаат слобода да го водат својот вистински бизнис“, појаснува Тасков.


КАКО ИЗГЛЕДА ФАКТОРИНГОТ ВО МБПР

Практичен пример:

- Вредност на фактура: 100 илјади евра
- Рок за плаќање: 60 дена
- Аванс што ќе го исплати МБПР веднаш: 80 илјади евра
- Камата што треба да ја плати извозникот: 1.067 евра
- Провизија за управување: 330 евра

(Игор Петровски)

 



Конференција за поддршка на извозот на Македонија

Министерот за економија Ваљон Сараќини со порака  до менаџерите на водечките македонски извозници: Дејствувајте похрабро не само на регионалниот пазар, туку и во оние земји со кои што имаме преференцијални договори. Освојувајте ги пазарите на земјите со поголем економски раст: Кнна, Индија, Кореја.
Традиционалната седма годишна Конференција за унапредување на извозот на едно место ги собра: приватниот капитал, Владата и нејзините институции, странските донаторски проекти. Министерот и стопанските комори се пофалија со добрата комуникација. Најголем дел од предложените мерки биле прифатени. Преклани 24, од предложените 30, а лани сите 17.
Целокупниот македонски извоз го реализират само 5% од вкупниот број домашни компании.
Влезот на Џонсон контролс и Џонсон Мети од корен ја менува нашата извозна структура и драстично ја зголемува неговата вредност, смета вицепремиерот за економски прашања  Владимир Пешевски.
Бизнис заедниците излегоа со нови предлози.
“Економските промотори да бидат поактивни, да се формира Национално тело за настап на саемски манифестации, дел од ингеренциите од државните органи да преземат Стопанските комори. Состојбата со глобалната рецесија е далеку послабо изразена во однос на 2009-та, но доколку кризата во еврозоната прогресира коморите ќе бараат помош од државата за најзагрозените гранки, порача претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески.
Извозниот факторинг–откупувањето на побарувањата, осигурувањето на извозните кредити, ваучерски систем за плаќање консултантски услуги за истражување на странски пазари се дел од новите мерки на Владата за помош на извозниците што во најголем дел би оделе преку Македонската банка за поддршка на развојот.

(Свето Николовски)

 

Подкатегории

Страница 3 од 3