Вести

РБСМ, 02.12.2020 - Владата, на вчерашната 25-та седница, донесе одлука да го предложи на усвојување во Собранието Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за Македонската банка за поддршка на развојот во кој се поставени контурите на државната гарантна шема, дел од сетот на економски мерки за справување со ефектите од пандемијата КОВИД-19.  

Со законското решение се предлага дополнување на активностите на Развојната банка на Северна Македонија за реализација на проекти и/или програми на Владата со издавање гаранции од Гарантен фонд. За Гарантниот фонд почетно се предвидени средства во висина од 10 милиони евра од Буџетот на Република Северна Македонија.

Средствата на Гарантниот фонд, во предлогот на законот е предвидено да се користат за издавање гаранции за обезбедување на плаќања по основ на главница на новоодобрени кредити за обртни средства до 80% од износот на кредитот и кредити за основни средства до 50% од износот на кредитот, согласно добрите пракси во европските земји. Крајните корисници на гаранциите може да бидат микро, мали и средни трговци, како и големи извозно-ориентирани трговски друштва во кои приходите по основ на извоз имаат учество од најмалку 30% во вкупните остварени приходи во претходната фискална година.

За работењето на Гарантниот фонд, Развојна банка ќе објавува податоци на својата веб страна на квартална основа, а Министерството за финансии на својата веб страна ќе објавува полугодишни извештаи за фискалните ризици на Гарантниот фонд.

Предлог законското решение, пред да влезе во владина постапка беше поставено на јавна дискусија на ЕНЕР. Со усвојувањето на предлогот на законот од страна на Собранието, ќе се создаде законската рамка за отпочнување на државната гарантна шема.

ПОВИКОТ Е ЗАВРШЕН.



СООПШТЕНИЕ 

 РБСМ, 14.10.2020 год.

Денес е последниот ден за поднесување барање за продолжување
 
на грејс периодот за три месеци за Ковид1 кредитите од Развојна банка


Повикот за поднесување барање до РБСМ за продолжување на грејс-периодот и рокот на отплата на кредитот одобрен од средствата на Посебниот кредитен фонд „Ковид1“ трае до денес, 14.10.2020 година до 23:59 часот. Повикот е достапен на веб страницата на Развојна банка од каде што може да го преземете барањетo.

Најбрз начин како може да го доставите барањето до Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје е преку испраќање на барањето на мејлот Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Јавниот повик е дел од четвртиот сет економски мерки кои ги спроведува Владата на Република Северна Македонија и нуди можност за кредитокорисниците на ,,Ковид1” бескаматната кредитна линија да го продолжат грејс периодот и периодот на отплата на кредитите за дополнителни три месеци.

Преку оваа кредитна линија беа поддржани 737 домашни компании кои вработуваат вкупно 6.509 лица. Од нив, 77% се микро компании кои вработуваат до 10 лица, 21% се мали компании кои вработуаат до 50 лица и 2% се компании со средна големина кои вработуваат до 250 лица.

  

ПОВИКОТ Е ЗАВРШЕН.

 

РБСМ, 07.10.2020

  

Почитувани,

Во согласност со потпишаниот Анекс кон Договор за администрирање на посебен кредитен фонд (ПКФ) бр. 26-7123/1 од 06.10.2020 година со Министерството за финансии, Развојна банка на Северна Македонија го објавува овој  јавен повик, со кој се нуди можност за кредитокорисниците на кредити од првата бескаматна кредитна линија од ПКФ „Ковид1“, да поднесат барање за продолжување на грејс-периодот и  рокот на отплата на кредитите најмногу за три месеци.

Со оглед на погоре наведеното, Ве повикуваме во рок од 7 дена од денот на објавувањето на ова известување, да поднесете барање до РБСМ за продолжување на грејс-периодот и рокот на отплата на кредитот одобрен од средствата на Посебниот кредитен фонд „Ковид1“. 

Барањето треба да содржи: име на компанијата-кредитокорисник, матичен број на компанијата, број и датум на склучување на договорот (Прилог 1).

Повикот важи заклучно со 14 октомври 2020 година, кога е последниот ден за поднесување на барањата.

Линк-пдф: Барање за продолжувањена грејс-периодот и рокот на отплата на кредит одобрен од ПКФ „Ковид1“

 

Прилог 1 - Барање за продолжувањена грејс-периодот и рокот на отплата на кредит одобрен од ПКФ „Ковид1“



До
Развојна банка на Северна Македонија
Сектор за кредитирање и гаранции
Ул. Димитрие Чуповски бр. 26
1000, Скопје
e-mail aдреса:
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

 

БАРАЊЕ
за продолжување на грејс-периодот и
рокот на отплата на кредит одобрен од ПКФ „Ковид1“

 

Од кредитокорисник _______________________________________________________ (име на компанијата во формат: ИМЕ НА ФИРМА ДОО/ДООЕЛ/ТП, град), со ЕМБС ________________ (матичен број), корисник на бескаматен кредит од ПКФ ,,Ковид1”, со број на кредит _______________________________ (број на кредит во формат ПКФ/Дир/0/ХХ) од датум _________________.

Согласно дадената можност во јавниот повик објавен на веб страницата на Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје, бараме да ни се одобрат дополнително 3 (три) месеци грејс-период и да се продолжи за истиот период рокот на отплата на кредитот.

Ви благодариме на соработката.


Со почит,

  

                                                                                      (печат)                                             Управител/Овластено лице
                                                                                                                                                         с .р. потпис
                                                                                              

  

                                                                                                                               телефон за контакт: _______________
                                                                                                                               е-маил адреса:  ___________________

 

Барањето се пополнува, потпишува и печатира.
Препорачуваме да се достави скенирано на е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Скопје, 02.10.2020 - Во текот на вчерашниот ден, главниот оперативен директор на Развојна банка на Северна Македонија, Фарук Исмаили, учествуваше на средбата со министерот за финансии, д-р Фатмир Бесими, и членките на Македонската банкарска асоцијација. 

                    

Во официјалниот дел на средбата се обратија министерот за финансии и претседателката на МБА. Министерот истакна дека банкарскиот сектор и финансиската стабилност на истиот е од исклучителна важност за развојот на економијата преку поддршка на домаќинствата и корпоративниот сектор, за полесен пристап за кредитирање, депозити и други финансиски услуги. Претседателката во своето обраќање се осврна на реализираните и тековните активности на асоцијацијата од почетокот на ковид кризата до денес.

Во работниот дел, меѓу другото се дискутираше и за предвидените мерки во четвртиот сет на Владата на Република Северна Македонија. Развојна банка на Северна Македонија, во рамки на четвртиот сет мерки, ќе реализира шеста фаза од кредитната линија ЕИБ за поддршка на мали и средни компании во вкупен износ од 100 милиони евра. Кредитната линија, како и досега, ќе се реализира преку комерцијалните банки кои ќе склучат договор со Развојната банка.

Страница 1 од 32