Вести

Повлечени втора и трета транша од „ЕИБ 2 -50 мил. евра“

24.02.2012 - Повлечена е втората транша од кредитната линија од ЕИБ II 50 мил. ЕУР во износ од 24,25 милиони ЕУР. Со овие средства ќе се поддржат нови 77 проекти со пресметковна вредност од 36 милиони ЕУР. Од оваа транша, 85% се за поддршка преку инвестициски кредити со рок на отплата до 8 години, додека остатокот е за поддршка преку кредити за обртни средства со рок на отплата до 3 години.
Со реализација на овие 77 проекти се очекува да се отворат нови 469 работни места .
Проектите се реализираат преку: НЛБ Тутунска банка ад Скопје, Прокредит банка ад Скопје, Охридска банка ад Охрид, ТТК банка ад Скопје, Шпаркасе банка Македонија ад Скопје, Комерцијална банка ад Скопје, Стопанска банка ад Скопје и Стопанска банка ад Битола.

Истиот ден е повлечена и третата траншаод кредитната линија од ЕИБ II 50 мил. ЕУР во износ од 2,47 милиониЕУР наменети за приоритетни проекти. Со овие средства ќе се поддржат нови 6 проекти со пресметковна вредност од 7,1 милиони ЕУР.
Со реализација на овие 6 проекти се очекува да се отворат нови 117 работни места .
Проектите се реализираат преку: Охридска банка ад Охрид и Комерцијална банка ад Скопје.
Со исплатата на овие средства целосно ќе биде искористена оваа кредитна линија.

МБПР започнува со подготовки за реализација на нова кредитна линија од ЕИБ III 100 мил. ЕУР.