Вести

Повлечена 2. транша од ЕИБ 3 - 100 милиони евра

18.12.2012 - Повлечена е втората транша од кредитната линија од ЕИБ III 100 милиони евра во износ од 2,88 милиони ЕУР. Со овие средства ќе се поддржат нови 7 проекти со пресметковна вредност од 7,6 милиони ЕУР. Со реализација на овие 7 проекти се очекува да се отворат нови 83 работни места. Проектите се реализираат преку: НЛБ Тутунска банка ад Скопје, Охридска банка ад Охрид и Комерцијална банка ад Скопје.