Вести

Потпишан меморандум за соработка со ИРБРС

Соработката со Инвестициско-развојната банка на Република Српска како придонес кон поттикнување на стопанскиот развој

 
Бања Лука, 24.11.2015 - Македонска банка за поддршка на развојот (МБПР) потпиша меморандум за соработка со Инвестициско-развојна банка на Република Српска (ИРБРС). Меморандумот денес го потпишаа Драган Мартиновски, главен извршен директор на МБПР и Снежана Вујниќ, директор на ИРБРС.
Со меморандумот за соработка двете развојни банки ќе воспостават долгорочна соработка со цел размена на искуства и знаења во поддршката на развојни проекти како на територијата на Република Македонија така и во Република Српска, зголемување на ефикасноста на постоечките активности и воведување на нови финансиски инструменти.
Предвидени се и можностите за организирање на заеднички обуки и едукативни работилници, но исто така и размена на експерти со цел обезбедување на техничка поддршка во областите од заеднички интерес.
„Суштината на потпишувањето на овој меморандум за соработка помеѓу МБПР и ИРБРС е всушност израз на волјата на двете банки за меѓусебна соработка од која и двете страни очекуваат успешни резултати кои ќе се однесуваат директно на развојот на малите и средни претпријатија, зголемување на вработеноста, развој на пазарот на капитал и урамнотежен регионален развој“ истакна Драган Мартиновски, главен извршен директор на МБПР.
МБПР веќе остварува успешна соработка со  развојни банки од регионот како што се Хрватската развојна банка - ХБОР, Словенечките СИД Банка и СИД ПКЗ, АОФИ- Агенција за осигурување и финансирање на извозот на Република Србија, Бугарската развојна банка ...