Вести

Конференција за мерки за енергетска ефикасност

 

 

Скопје, 18.10.2016 - Претставници на МБПР зедоа активно учество на Конференцијата за мерки за енергетска ефикасност и пристап до финансии за хотелиерството, која се одржа во организација на Министерството за економија, Програмата за зголемување на пазарната вработливост и  компанијата Делта проект.

 

Притоа претставниците на МБПР имаа своја презентација преку која во детали ги објаснија расположивите производи кои се во функција на поддршка на проекти и компании од областа на енергетската ефикаснст и хотелиерството. Исто така претставниците на МБПР одговараа и на поставените прашања за производите и начините за аплицирање.