Вести

Презентација на МБПР во Ресен

 

Ресен, 28.11.2016 – Во соработка со Регионалната Стопанска комора Битола во просториите на општина Ресен се одржа презентација пред повеќе од 15 извозници на земјоделски производи од општина Ресен и пошироко. Притоа се презентираа производите на МБПР како: осигурување на побарувања, факторинг и кредитни линии, кои се во функција на намалување на ризиците од ненаплата, кредитирање на извозот и премостувањето на периодот од извоз до наплата.

 

Исто така се објаснија во детали постапките за поднесување на барања за производите на МБПР како и се одговараше на поставените прашања од заинтересираните претставници на извозните компании.