Вести

Работилница во Комората на Мал Бизнис Скопје

   

Скопје, 06.12.2016 - Во просториите на Комората на Малиот Бизнис во Скопје се одржа работилница на која присуствуваа членови на Комората и претставници на финансиски институции во РМ. На работилницата им се даде можност на членовите на Комората да се претстават со свои проекти, а финансиските институции да ги разгледаат заеднички можностите за соработка.

 

Единствената цел на оваа работилница беше да се пронајде начин како да се финансираат малите бизниси, а претставниците на МБПР дадоа свој придонес со одговарање на прашања, давање на насоки и објаснување како најлесно да дојдат до финансии со цел да ги реализираат своите проекти.