Вести

Промена во органите на управување и раководење

МБПР, 13.02.2019 - На седницата на Надзорен одбор одржана на 13.02.2019 год. донесена е Одлука бр. 02-454/3 за именување на вршител на должност член на Управен одбор - главен оперативен директор на Македонска банка за поддршка на развојот АД Скопје.
Мандатот на вршителот на должност член на Управен одбор - главен оперативен директор истекува со денот на добивање на согласност од страна на гувернерот на Народна банка на Република Македонија за именување на член на Управен одбор на банката - главен оперативен директор.
Со уписот на Вељанд Рамадани за вршител на должност главен оперативен директор во трговскиот регистар се брише Бесим Билали главен оперативен директор поради истек на мандатот.