Вести

Повлечена 2. транша од ЕИБ 5 - 100 милиони евра

29.07.2019 - Повлечена е втората транша од кредитната линија ЕИБ 5 - 100 милиони евра во износ од 16.030.100 евра. Средствата од оваа транша се наменети за поддршка на 53 проекти со чија реализација се очекува вработување на 90 лица.
Од двете транши од кредитната линија ЕИБ 5 вкупно се пласирани средства во износ од 31.190.868 ЕУР. Со реализација на траншите се поддржани вкупно 92 проекти и се очекува вработување на 248 лица.