Вести

Промена во управувачката структура на РБСМ

25.11.2019 - На седницата на Надзорен одбор одржана на 16.09.2019 год. донесена е Одлука бр. 02-2254/1 за именување на Кире Наумов за член на Управен одбор - главен извршен директор на Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје.
На 20.11.2019 год. од страна на Народна банка на Република Северна Македонија е донесено Решение бр. 15-30669/12 за издавање претходна согласност за именување на Кире Наумов за член на Управниот одбор на Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје.
На 22.11.2019 год. со Решение бр. 35020190026639 од страна на Централниот регистар на Република Северна Македонија е извршен упис на Кире Наумов за главен извршен директор на Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје.
Со уписот на Кире Наумов за главен извршен директор во трговскиот регистар се брише Никола Поповски за вршител на должност главен извршен директор.