Вести

Повлекување на 4. транша од ЕИБ 5 - 100 милиони евра

11.03.2020 – На 26.03.2020 год. ќе се повлече четвртата транша од кредитната линија ЕИБ 5-100 милиони евра, во износ од 5.043.400 ЕУР. Средствата од оваа транша се наменети за поддршка на 23 проекти со чија реализација се очекува вработување на 97 лица.
Од кредитната линија ЕИБ 5 вкупно ќе се пласираат средства во износ од 49.037.813 ЕУР. Со реализација на траншите ќе се поддржат 146 проекти и ќе се креираат 484 работни места.