Вести

ПОДДРШКА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ВЛИЈАНИЕТО НА COVID-19 ВО ЕКОНОМИЈАТА

20.03.2020 - РБСМ


Почитувани,

Владата на Република Северна Македонија ја усвои информацијата на Развојна банка на Северна Македонија за поддршка на претпријатијата погодени од состојбата со корона вирусот.

Развојна банка на Северна Македонија, во прва фаза, како дел од мерките за поддршка на македонската економија креира нова кредитна линија наменета за микро, мали и средни

претпријатија од најпогодените сектори.

Развојна банка на Северна Македонија Ве известува дека подготовките за кредитната линија се во тек.

Очекуваме јавниот оглас да биде објавен најдоцна до 1 април 2020 година.

Јавниот оглас ќе биде објавен на нашата веб страна и во најмалку два дневни весници.

Во интерес на поширокото информирање, за јавниот оглас ќе бидат информирани и медиумите.

И за останатите мерки што дополнително ќе бидат преземени, навремено ќе бидете известени.

ЈАВНОТО ЗДРАВЈЕ Е ЗАЕДНИЧКА ОДГОВОРНОСТ. ОД НАС ЗАВИСИ!