Вести

16.02.2010

>>Архива на вести

Повлечени се средствата од втората транша од кредитната линија од ЕИБ и истите се префрлени на деловните банки учеснички. Повлечени се средства во износ од 7,3 мил. ЕУР, со кои се поддржуваат 33 проекти со пресметковна вредност од 14,6 мил. ЕУР. Притоа се очекува да се отворат нови 462 работни места. Проектите се реализираат преку Комерцијална банка АД Скопје, НЛБ Тутунска банка АД Скопје, Стопанска банка АД Скопје, ИК банка АД Скопје , Охридска банка АД Охрид и Прокредит банка АД Скопје .
82 % од кредитните средства се за инвестициски кредити (со рок на отплата до 5 години) и 18 % за кредити за трајни обртни средства (со рок на отплата до 3 години).
МБПР прави подготовка за повлекување на т рета транша од кредитната линија од ЕИБ (досега се стигнати одобрувања за повлекување на околу 7 мил. ЕУР).