РБСМ-26.03.2020 година
ПОДДРШКА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ВЛИЈАНИЕТО НА COVID-19 ВО ЕКОНОМИЈАТА
- Развојна банка на Северна Македонија со поддршка на Владата на Република Северна Македонија искреира нова кредитна линија за поддршка на претпријатијата погодени од состојбата со корона вирусот.
- Кредитната линија е наменета за микро, мали и средни претпријатија од најпогодените сектори.
- Јавниот оглас е објавен на 25.03.2020 год. и ќе трае 30 дена сметано од 26.03.2020 год., односно во овој период можат да се доставуваат апликациите/кредитните барања по принципот прв дојден прв услужен.
- Заради Ваша заштита и мерките за заштита на јавното здравје, сите потребните документи може да ги обезбедите електронски, дел се обрасци од Развојна банка на Северна Македонија, а дел се обезбедуваат од Централен регистар и Управата за јавни приходи.
- Сите потребни информации се наоѓаат во Огласот со кликнување на било кој дел од овој текст.
- За понатамошните мерки што дополнително ќе бидат преземени од страна на РБСМ, навремено ќе бидете известени.