Вести

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ДОПОЛНИТЕЛНИ МЕРКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ВЛИЈАНИЕТО НА КОВИД-19 ВО ЕКОНОМИЈАТА

РБСМ, 31.03.2020  


Почитувани,

Во согласност со мерките кои Владата на Република Северна Македонија ги презема за ублажување на негативните последици во економијата, Ве известуваме дека:

1. Во фаза на подготовка е Втората бескаматна кредитна линија „КОВИД2“ во износ од 8 милиони евра, која ќе биде наменета за микро, мали и средни претпријатија од најпогодените сектори.
За сите детали околу оваа кредитна линија како и за објавувањето на јавниот повик ќе бидете навремено и јавно известени.

2. Малите и средните претпријатија исто така ќе имаат можност преку комерцијалните банки да аплицираат за 50 милиони евра евтини кредити од Европската инвестициона банка за обезбедување на свеж капитал за поддршка на нови проекти, нови вработувања, зголемена ликвидност на стопанството и зголемен извоз.
За сите детали околу оваа кредитна линија исто така ќе бидете навремено известени.

 

                                  Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје