Вести

16.04.2010

>>Архива на вести

Повлечена е третата транша од кредитната линија од ЕИБ и префрлена на деловните банки учеснички. Со средствата од оваа трета транша во износ од 11,4 милиони ЕУР се поддржуваат 47 проекти со пресметковна вредност од 35 милиони ЕУР. Притоа, се очекува да се отворат нови 351 работни места.
Проектите се реализираат преку: Комерцијална банка ад Скопје, НЛБ Тутунска банка ад Скопје, Стопанска банка ад Битола, Стопанска банка ад Скопје, ИК банка ад Скопје, Охридска банка ад Охрид, Прокредит банка ад Скопје и УНИ банка ад Скопје.
75% од кредитните средства се наменети за инвестициски кредити (со рок на отплата до 5 години) и 15% за кредити за трајни обртни средства (со рок на отплата до 3 години).
МБПР започна со подготовки за повлекување на четврта транша од кредитната линија од ЕИБ.