Вести

Информација за Втората бескаматна кредитна линија - „КОВИД2“

РБСМ, 18.04.2020 - Владата на Република Северна Македонија на Седница одржана на 18. април 2020 година, донесе одлука со која Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје ќе може да отвори нова, втора бескаматна кредитна линија - „КОВИД2“.

Во текот на следната недела, Развојна банка ќе објави ЈАВЕН ПОВИК и за истото ќе ги извести и медиумите, со цел поширока информираност на сите вас.

Останете во добро здравје!