Вести

ЈАВНА ПОНУДА за промена на договорни услови за клиентите на РБСМ - нефинансиски правни лица

РБСМ-21.04.2020

 

Врз основа на донесената Одлука за измена и дополнување на Одлуката за методологијата за управување со кредитниот ризик („Службен весник на РСМ” бр.76/20) и Уредбата со законска сила за начинот на промена на договорни услови на кредитни изложености кај банките и штедилниците („Службен весник на РСМ“ бр.80/20),
Банката ќе го разгледа секое поединечно барање од клиентите - нефинансиски правни лица за промена на сервисирање на обврските кон банката и преку електронска комуникација ќе достави понуда до клиентот-нефинансиско правно лице.

• Клиентите - нефинансиските правни лица, може да достават барање до банката за промена на условите за сервисирање на обврските кон банката. Барањата може да бидат доставени електронски: на email на референтот со кој вообичаено соработува клиентот, на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или во писмена форма по пошта.

• Клиентот-нефинансиско правно лице во рок од десет дена треба да ја извести банката електронски или писмено по пошта дали ја одбива или прифаќа понудата на РБСМ.

• Доколку банката не добие одговор од клиентот-нефинансиско правно лице во предвидениот рок, се смета дека понудата од банката не е прифатена.