Вести

Известување за првата група одобрени апликации од втората бескаматна кредитна линија - КОВИД2

РБСМ, 26.05.2020

 

Од 57-та седница на Владата:


Владата на денешната седница ја усвои Информацијата за барањата кои ги исполнуваат критериумите од Јавниот повик бр.1 за кредити од Кредитната линија од Компензационите фондови од странска помош со цел намалување на последиците од коронавирусот КОВИД-19, и го потврди предлогот на Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје со кој на 117 компании кои вработуваат 3.001 лица, им се одобрени кредити во вкупен износ од 2 милиони евра.

Од овие 117 апликанти – 58 или 50% се компании до 10 вработени, 43 или 37% се компании до 50 вработени и 16 или 14% се компании до 250 вработени.