Вести

РБСМ воведе нова бескаматна кредитна линија за обртни средства за зголемени цени на енергенси преку банки учеснички

Скопје, 22.06.2022

Развојната банка започна со реализација на бескаматна кредитна линија за обртни средства за зголемени цени на енергенси преку банки учеснички наменета за обезбедување на обртни средства и ликвидност на микро, мали и средни трговски друштва, ТП и занаетчии.

Износот на средствата за реализација на оваа кредитна линија е 10 милиони евра.

Каматната стапка за крајните корисници ќе изнесува 0%.

Заинтересираните компании можат да поднесат барање за користење на средства од бескаматната кредитна линија до 9 (девет) банки учеснички и тоа: Шпаркасе Банка АД Скопје, Стопанска Банка АД Битола, Стопанска Банка АД Скопје, Уни Банка АД Скопје, Халк Банка АД Скопје, Силк Роад Банка АД Скопје, ТТК Банка АД Скопје, НЛБ Банка АД Скопје и ПроКредит Банка АД Скопје.

Максимален износ на поединечен кредит е 60 милиони денари со рок на отплата до 36 месеци со вклучен грејс период до 12 месеци.

Кредитобарателите во 2022 година треба да имаат минимум 100% зголемени трошоци за енергенси во однос на 2021 година, треба да се во класификација подобра или еднаква на Б,  да немаат кредитна изложеност со исклучок доколку е помала од 10.000 денари.

Подетални информации за кредитната линија.

Повлечена петтата транша од заемот на ЕИБ во износ од 22,8 милиони евра за домашните компании.                                                               НОВА БЕСКАМАТНА КРЕДИТНА ЛИНИЈА ЗА ОБРТНИ СРЕДСТВА ЗА ЗГОЛЕМЕНИ ЦЕНИ НА ЕНЕРГЕНСИ ПРЕКУ БАНКИТЕ УЧЕСНИЧКИ (ОБРТНИ СРЕДСТВА-ЕНЕРГЕНСИ-БУ)                                                               УШТЕ ЕДНА НОВА КРЕДИТНА ЛИНИЈА ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ И ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА ПРЕКУ БАНКИТЕ УЧЕСНИЧКИ (ЕЕ и ОИЕ)                                                               ИНДИВИДУАЛНИ ГАРАНЦИИ од Гарантен фонд до 50% од износот на кредитот и без надомест за компаниите до 31.12.2022 година.                                ПОРТФОЛИО ГАРАНЦИИ.                                ИНСТРУКЦИИ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА ОБВРСКИТЕ ПО КРЕДИТНИТЕ ЛИНИИ: „КОВИД-1“, „КОВИД-2“ И „КОВИД-3“.