Вести

>>Вести

14.10.2011 - Потпишан е Договор за заем помеѓу МБПР и ЕИБ во износ од 50 милиони евра за финансирање на мали и средни претпријатија и приоритетни проекти. Кредитната линија ќе се реализира преку девет банки учеснички:

  1. Комерцијална банка ад Скопје
  2. Стопанска банка ад Скопје
  3. Стопанска банка ад Битола
  4. НЛБ Тутунска банка ад Скопје
  5. Охридска банка ад Охрид
  6. Прокредит банка ад Скопје
  7. Халкбанка ад Скопје
  8. Шпаркасе банка ад Скопје
  9. Уни банка ад Скопје

МБПР прави напори да вклучи уште три нови банки учеснички.

>>Вести

25.01.2011 - Повлечена е седмата транша од кредитната линија од ЕИБ во износ од 4,5 милиони ЕУР. Со овие средства ќе се поддржат нови 22 проекти со пресметковна вредност од 8,5 милиони ЕУР. Од оваа транша, 63,85% се за поддршка преку инвестициски кредити со рок на отплата до 5 години, додека остатокот е за поддршка преку кредити за обртни средства со рок на отплата до 3 години.
Со реализација на овие 22 проекти се очекува да се отворат нови 119 работни места .
Проектите се реализираат преку: НЛБ Тутунска банка ад Скопје и Прокредит банка ад Скопје.
МБПР започнува со подготовки за повлекување на нова транша за проиритетни проекти, како и транша за кредитирање на МСП од кредитната линија од ЕИБ.

>>Вести

06.12.2010 - Повлечена е шестата транша од кредитната линија од ЕИБ во износ од 18,8 милиони ЕУР. Со овие средства ќе се поддржат нови 63 проекти со пресметковна вредност од 26,4 милиони ЕУР. Од оваа транша, 68,5% се за поддршка преку инвестициски кредити со рок на отплата до 5 години, додека остатокот е за поддршка преку кредити за обртни средства со рок на отплата до 3 години.
Со реализација на овие 63 проекти се очекува да се отворат нови 294 работни места .
Проектите се реализираат преку: Комерцијална банка ад Скопје, НЛБ Тутунска банка ад Скопје, Стопанска банка ад Битола, Стопанска банка ад Скопје, ИК банка ад Скопје, Охридска банка ад Охрид, Прокредит банка ад Скопје и Шпаркасе банка Македонија ад Скопје .
МБПР започнува со подготовки за повлекување на нова транша за проиритетни проекти, како и транша за кредитирање на МСП од кредитната линија од ЕИБ.

>>Вести

Најдобра мала банка во Македонија за 2010

24.09.2010 - Реномираниот лондонски магазин Finance Central Europe во текот на месец септември 2010 година ги објави резултатите од рангирањата на банките во Македонија според кои Македонска банка за поддршка на развојот е прогласена за Најдобра мала банка во Македонија за 2010 година.