Вести

11.03.2020 – На 26.03.2020 год. ќе се повлече четвртата транша од кредитната линија ЕИБ 5-100 милиони евра, во износ од 5.043.400 ЕУР. Средствата од оваа транша се наменети за поддршка на 23 проекти со чија реализација се очекува вработување на 97 лица.
Од кредитната линија ЕИБ 5 вкупно ќе се пласираат средства во износ од 49.037.813 ЕУР. Со реализација на траншите ќе се поддржат 146 проекти и ќе се креираат 484 работни места.

16.12.2019 - На седницата на Надзорен одбор одржана на 10.10.2019 год. донесена е Одлука бр. 02-2516/2 за именување на Фарук Исмаили за член на Управен одбор - главен оперативен директор на Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје.
На 06.12.2019 год. од страна на Народна банка на Република Северна Македонија е донесено Решение бр. 15-32455/7 за издавање претходна согласност за именување на Фарук Исмаили за член на Управниот одбор на Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје.
На 16.12.2019 год. со Решение бр. 35020190028248 од страна на Централниот регистар на Република Северна Македонија е извршен упис на Фарук Исмаили за главен оперативен директор на Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје.
Со уписот на Фарук Исмаили за главен оперативен директор во трговскиот регистар се брише Вељанд Рамадани за вршител на должност главен оперативен директор.

25.11.2019 - На седницата на Надзорен одбор одржана на 16.09.2019 год. донесена е Одлука бр. 02-2254/1 за именување на Кире Наумов за член на Управен одбор - главен извршен директор на Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје.
На 20.11.2019 год. од страна на Народна банка на Република Северна Македонија е донесено Решение бр. 15-30669/12 за издавање претходна согласност за именување на Кире Наумов за член на Управниот одбор на Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје.
На 22.11.2019 год. со Решение бр. 35020190026639 од страна на Централниот регистар на Република Северна Македонија е извршен упис на Кире Наумов за главен извршен директор на Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје.
Со уписот на Кире Наумов за главен извршен директор во трговскиот регистар се брише Никола Поповски за вршител на должност главен извршен директор.

07.10.2019 - Повлечена е третата транша од кредитната линија ЕИБ 5 - 100 милиони евра во износ од 12.803.545 евра. Средствата од оваа транша се наменети за поддршка на 31 проект со чија реализација се очекува вработување на 139 лица.
Од трите транши од кредитната линија ЕИБ 5 вкупно се пласирани средства во износ од 43.994.413 ЕУР. Со реализација на траншите се поддржани вкупно 124 проекти и се очекува вработување на 387 лица.