Вести

Ве известуваме дека на ден 15.07.2019 година, во Трговскиот регистар на Република Северна Македонија запишана е промена на називот на МАКЕДОНСКА БАНКА ЗА ПОДДРШКА НА РAЗВОЈОТ АД СКОПЈЕ.

Новиот назив на банката гласи:

РАЗВОЈНА БАНКА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА АД СКОПЈЕ

Исто така, ве известуваме дека сите останати информации (адреса, ЕМБС, даночен број, број на сметки, телефон и факс број) како и предметот на работа на банката остануваат непроменети.

Со промената на името, целокупната нова деловна кореспонденција, фактури, нарачки, склучување на нови договори или анекси на постоечки договори ќе се реализираат со новото име на банката.

Оттука, ве молиме да ја земете предвид горенаведената промена при секоја идна комуникација со нашата банка.

МБПР, 15.05.2019 - На седницата на Надзорен одбор одржана на 15.05.2019 год. донесена е Одлука бр. 02-1268/1 за именување на вршител на должност член на Управен одбор - главен извршен директор на Македонска банка за поддршка на развојот АД Скопје.
Мандатот на вршителот на должност член на Управен одбор - главен извршен директор истекува со денот на добивање на согласност од страна на гувернерот на Народна банка на Република Македонија за именување на член на Управен одбор на банката - главен извршен директор.
Со уписот на Кирил Колемишевски за вршител на должност главен извршен директор во трговскиот регистар се брише Драган Мартиновски главен извршен директор поради истек на мандатот.

17.04.2019 - Повлечена е првата транша од кредитната линија ЕИБ 5 - 100 милиони евра во износ од 15.160.768 ЕУР. Средствата од оваа транша се наменети за поддршка на 39 проекти со чија реализација се очекува вработување на 158 лица.