Вести

Скопје, 19.05.2016 - Сојузот на стопански комори на Македонија, во своите простории во Скопје, организираше обука за сите заинтересирани компании, а спроведена од страна на Македонска банка за поддршка на развојот.


Обуката ја спроведоа Александар Станојковски, директор на секторот за кредитирање и гаранции и Дарко Стефановски, директор на секторот за кредитно осигурување, и се однесуваше на условите за кредитирање и пристапи до поволни кредити, кредитно осигурување на домашни побарувања (пред и по испорака), кредитно осигурување на извозни побарувања (пред и по испорака) од комерцијални и политички ризици, факторинг како и други форми на поддршка.

 

 

Компаниите-учеснички на обуката имаа можност да се информираат за сите финансиски проиводи и услуги што ги нуди МБПР, како и за нејзината поддршка на развојот на малите и средните трговски друштва преку одобрување на инвестициски кредити.
Обуката беше спроведена преку интерактивна дискусија и учесниците имаа можност да дискутираат и поставуваат прашања.

29.12.2015 - Повлечена е  деветтата транша од кредитната линија  ЕИБ 4 - 100 милиони евра во износ од 17,8 милиони ЕУР. Со овие средства ќе се поддржат нови 100 проекти со пресметковна вредност од 35 милиони ЕУР. Од оваа транша, 75% се за поддршка на МСП преку инвестициски кредити со рок на отплата до 8 години, додека остатокот е за поддршка преку кредити за обртни средства со рок на отплата до 3 години. Со реализација на овие 100 проекти се очекува да се отворат нови 331 работни места.
Проектите се реализираат преку: Прокредит банка АД Скопје, Охридска банка АД Скопје, Халк банка АД Скопје, Комерцијална банка АД Скопје, Шпаркасе банка АД Скопје, Стопанска банка АД Битола и УНИ банка АД Скопје.

Соработката со Инвестициско-развојната банка на Република Српска како придонес кон поттикнување на стопанскиот развој

 
Бања Лука, 24.11.2015 - Македонска банка за поддршка на развојот (МБПР) потпиша меморандум за соработка со Инвестициско-развојна банка на Република Српска (ИРБРС). Меморандумот денес го потпишаа Драган Мартиновски, главен извршен директор на МБПР и Снежана Вујниќ, директор на ИРБРС.
Со меморандумот за соработка двете развојни банки ќе воспостават долгорочна соработка со цел размена на искуства и знаења во поддршката на развојни проекти како на територијата на Република Македонија така и во Република Српска, зголемување на ефикасноста на постоечките активности и воведување на нови финансиски инструменти.
Предвидени се и можностите за организирање на заеднички обуки и едукативни работилници, но исто така и размена на експерти со цел обезбедување на техничка поддршка во областите од заеднички интерес.
„Суштината на потпишувањето на овој меморандум за соработка помеѓу МБПР и ИРБРС е всушност израз на волјата на двете банки за меѓусебна соработка од која и двете страни очекуваат успешни резултати кои ќе се однесуваат директно на развојот на малите и средни претпријатија, зголемување на вработеноста, развој на пазарот на капитал и урамнотежен регионален развој“ истакна Драган Мартиновски, главен извршен директор на МБПР.
МБПР веќе остварува успешна соработка со  развојни банки од регионот како што се Хрватската развојна банка - ХБОР, Словенечките СИД Банка и СИД ПКЗ, АОФИ- Агенција за осигурување и финансирање на извозот на Република Србија, Бугарската развојна банка ...

26.10.2015 - Повлечена е  осмата транша од кредитната линија  ЕИБ 4 - 100 милиони евра во износ од 13,7 милиони ЕУР. Со овие средства ќе се поддржат нови 75 проекти со пресметковна вредност од 18 милиони ЕУР. Од оваа транша, 74% се за поддршка на МСП преку инвестициски кредити со рок на отплата до 8 години, додека остатокот е за поддршка преку кредити за обртни средства со рок на отплата до 3 години. Со реализација на овие 75 проекти се очекува да се отворат нови 168 работни места.
Проектите се реализираат преку: Прокредит банка АД Скопје, Охридска банка АД Скопје, Халк банка АД Скопје, Комерцијална банка АД Скопје, Шпаркасе банка АД Скопје, Стопанска банка АД Битола и УНИ банка АД Скопје.
МБПР започнува со подготовки за повлекување на нова транша во износ од околу 17,8 милиони евра.