Вести

28.10.2015 – Куманово, Крива Паланка

  

Во согласност со Календарот за посети на микро, мали и средни претпријатија со дејност од областа земјоделие, беше посетен Кумановско-паланечкиот регион каде пред заинтересираните компании беше презентирана кредитната линија за производство, преработка и извоз на земјоделски производи.

27.10.2015 – Кочани, Виница

 

Во рамки на календарот за посета на микро, мали и средни претпријатија со основна дејност од областа на агроиндустријата, претставник од секторот за кредитирање од МБПР направи неколку посети на кочанско-виничкиот регион.


Во посетените претпријатијапри беа презентирани условите и критериумите на Кредитната линија за производство, преработка и извоз на земјоделски производи.

22.10.2015 – Кичево, Македонски Брод

 

Членови на Управниот одбор и стручни лица од Секторот за кредитирање денес го посетија Кичевско-поречкиот регион каде пред заинтересираните компании ја презентираа кредитната линија за производство, преработка и извоз на земјоделски производи. Со дел од компаниите беше договорено продолжување на соработката, додека на останатиот дел им беа објаснети условите и начините за добивање на средства од оваа кредитна линија.

20.10.2015 – Радовиш, Струмица

 

Во рамки на календарот за посета на микро, мали и средни претпријатија чија основна дејност е од областа на агроиндустријата, менаџментот на МБПР заедно со секторот за кредитирање направи неколку посети во радовишко-струмичкиот регион, при што беа презентирани условите и критериумите на Кредитната линија за производство, преработка и извоз на земјоделски производи.

16.10.2015 – Штип, Свети Николе

 
Менаџментот на МБПР заедно со стручните служби од Секторот за кредитирање извршија посета на неколку компании со дејност од областа на земјоделството во овчеполскиот и штипскиот регион при што детално ги запознаа истите со условите од кредитната линија за производство, преработка и извоз на земјоделски производи.


Компаниите покажаа подготвеност во најскоро да поднесат кредитни барања за оваа кредитна линија која беше оценета како најповолна во моментов.

15.10.2015 – Охрид, Струга, Ресен

Следејќи ги активностите предвидени со Календарот за посети на микро, мали и средни претпријатија со дејност од областа на земјоделството, претставници на МБПР ги посетија крајезерските региони на Охридското и Преспанското Езеро со цел презентација на кредитната линија за производство, преработка и извоз на земјоделски производи.

08.10.2015 - Битола


Во организација на Бизнис центарот за поддршка на приватниот сектор на Пелагонискиот регион, во хотелот Милениум во Битола, пред претставници на повеќе компании од Пелагонискиот регион и пред градоначалници од општините од Пелагонискиот регион, се одржа презентација за можностите за кредитна и останата поддршка на МБПР на овие институции.

 

07.10.2015 - Тетово, Гостивар

 

Промотивниот караван на МБПР продолжи во Полошкиот регион. Стручниот тим на Банката, ја презентираше кредитната линија за производство, преработка и извоз на земјоделски производи пред заинтересираните стопанственици од Тетово и Гостивар.

02.10.2015 - Велес, Кавадарци, Неготино


МБПР ја продолжи промотивната активност со цел зголемување на нивото на искористеност на кредитната линија за микро, мали и средни претпријатија со дејност од областа земјоделство. Беа посетени повеќе претпријатија во централниот дел на државата, а поради сезонскиот карактер беше ставен фокус на винската и прехранбената индустрија. Од сите посетени компании беше пројавен интерес за користење на средствата од оваа кредитна линија.

01.10.2015 - Гевгелија, Богданци, Дојран

  

Согласно Календарот за посети на микро, мали и средни претпријатија од областа земјоделство, менаџментот на Банката заедно со стручниот тим посетија неколку компании кои се занимаваат со производство, преработка и извоз на земјоделски производи од Гевгелиско-дојранскиот регион.
На заинтересираните компании подетално им беа објаснети критериумите за кредитната линија наменета за агроиндустрискиот комплекс и начинот за аплицирање на истата.

 

Септември, 2015 - МБПР
МБПР во месец октомври 2015 година ќе реализира конкретни промотивни активности со цел зголемување на нивото на искористеност на кредитната линија за микро, мали и средни претпријатија со дејност од областа земјоделие согласно следниот календар на настани:

 

Р. б.

  

Населено место/регион         Датум на спроведување на промотивни активности
1 Гевгелија 01.10.2015
2 Богданци
3 Дојран
4 Велес 02.10.2015
5 Кавадарци
6 Неготино
7 Тетово 07.10.2015
8 Гостивар
9 Прилеп 08.10.2015
10 Битола
11 Демир Хисар
12 Охрид 15.10.2015
13 Струга
14 Ресен
15 Штип 16.10.2015
16 Свети Николе
17 Радовиш 20.10.2015
18 Струмица
19 Кичево 22.10.2015
20 Македонски Брод
21 Виница 27.10.2015
22 Кочани
23 Куманово 28.10.2015
24 Крива Паланка

01.09.2015 - Повлечена е  седмата транша од кредитната линија ЕИБ 4 - 100 милиони евра во износ од 6,8 милиони ЕУР. Со овие средства ќе се поддржат нови 61 проекти со пресметковна вредност од 8,4 милиони ЕУР. Од оваа транша, 75% се за поддршка на МСП преку инвестициски кредити со рок на отплата до 8 години, додека остатокот е за поддршка преку кредити за обртни средства со рок на отплата до 3 години. Со реализација на овие 61 проект се очекува да се отворат нови 97 работни места.
Проектите се реализираат преку: Прокредит банка АД Скопје, Охридска банка АД Скопје, Халк банка АД Скопје, Комерцијална банка АД Скопје, ТТК банка АД Скопје, Стопанска банка АД Битола и УНИ банка АД Скопје.
МБПР започнува со подготовки за повлекување на нова транша во износ од околу 10 милиони евра.

03.09.2015 - Скопје
Денес, во рамките на Проектот за развој на живинарството спроведуван со техничка помош од Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите Нации (ФАО) и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство беше организирана работилница на која меѓу другите присуствуваа претставници од агросекторот живинарство - производители на пилешко месо и јајца, кланици и преработувачи и извозници. Настанот беше искористен од страна на претставник на МБПР истите да бидат запознати со најповолната кредитна линија за агрокомплексот на финансискиот пазар - Кредитната линија за производство, преработка и извоз на земјоделски производи и како таа може да им помогне на живинарите во остварување на нивните бизнис планови во иднина.