Вести


11.09.2015 - с. Другово, Кичево
Претставниците на МБПР во соработка со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој одржаа работна средба пред заинтересирани субјекти од областа на с. Другово, Кичево. На средбата се објаснија производите на МБПР кои се во функција на поддршка на нивното тековно работење и производите кои се во функција на намалување на ризиците од ненаплата и премостување на периодот до целосната наплата.

07.09.2015 – с. Мислешево, Струга

    

Во рамките на активноста на МБПР за промоција на кредитните линии за земјоделство и агроиндустрија, претставници на Банката одржаа работна средба со повеќе земјоделски производители од Струшкиот регион со цел запознавање на потенцијалните клиенти со поволностите на кредитните линии. Средбата се одржа во домот на култура во с. Мислешево.

 

03.09.2015 - Банско, Струмица

 

Интензивната промотивна активност на МБПР продолжи и во општина Струмица.
Претставници на Банката одржаа работна средба во Банско со цел запознавање на потенцијалните клиенти со најповолната кредитна линија за производство, преработка и извоз на земјоделски производи.

31.8.2015 – с. Чешиново, Кочани

МБПР продолжува со Акцискиот план за промоција на кредитните линии за земјоделство и агроиндустрија. Во тие рамки денес претставник од МБПР го посети с. Чешиново каде пред повеќе земјоделски производители од Кочанскиот регион ги објасни условите и поволностите на наведените кредитни линии.

27.08.2015 - Чифлик, општина Пехчево

 

Следејќи го Акцискиот план за промоција на кредитните линии за земјоделство и агроиндустрија, претставниците на МБПР ја посетија општина Пехчево и ги презентираа поволностите кои овие кредитни линии ги имаат за земјоделците и малите и средните претпријатија од агропреработувачката индустрија.

25.8.2015 – с. Клечовце, Куманово
Во рамките на Акцискиот план за промоција на кредитните линии за земјоделство и агроиндустрија, денес претставник од МБПР го посети с. Клечовце каде пред повеќе земјоделски производители од Кумановскиот регион беа објаснети условите и поволностите на наведените кредитни линии.

24.8.2015 - Росоман, Кавадарци

 

МБПР и понатаму продолжува со реализација на Акцискиот план за промоција на кредитните линии за земјоделство и агроиндустрија. За таа цел, денес беше посетена општина Росоман каде пред повеќе земјоделски производители и стопанственици од Тиквешкиот регион беа објаснети условите и поволностите на овие кредитни линии.

17.08.2015 - Џепчиште, општина Тетово

 

МБПР во рамките на соработката со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Агенцијата за поддршка на развојот на земјоделството продолжи со промоција на кредитната линија за производство, преработка и извоз на земјоделски производи во Џепчиште, општина Тетово.
Пред заинтересираните земјоделци и претставници на агропреработувачката индустрија беа објаснети условите и начинот на аплицирање за кредитната линија.

16.08.2015 - Ресен
Согласно Акцискиот план, МБПР продолжи со промоцијата на кредитните линии од областа на земјоделието и агроиндустријата во Ресен и пред бизнис заедницата од оваа област беа објаснети сите поволности што овие кредитни линии ги нудат. Настанот беше организиран во соработка со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

15.08.2015 - Битола

 

Во соработка со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, претставници на МБПР пред заинтересирани субјекти од пелагонискиот регион одржаа презентација на кредитните линии од областа на земјоделството и агроиндустријата.

14.08.2015 - Штип
Пред припадниците на бизнис заедницата и заинтересираните стопанственици, претставници на Банката ги презентираа кредитните линии на МБПР со посебен акцент на Кредитната линија за производство, преработка и извоз на земјоделски производи и беше одговарано на сите прашања. Настанот го проследија и новинари и некои телевизиски куќи.

13.08.2015 - Богданци, Гимназија


Во гимназијата во Богданци, претставници на МБПР и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој одржаа работна средба со заинтересирани субјекти кои инвестирале или планираат да инвестираат во земјоделието. При тоа беа презентирани производите на МБПР како и беше одговарано на поставените прашања.

11.08.2015 - Велес, Општина
Во просториите на Советот на Општина Велес, претставници на МБПР во соработка со локалната самоуправа и Вардарскиот плански регион пред заинтересираните стопанственици од Велес и пошироко одржаа презентација на производите на Банката, со посебен акцент на Кредитната линија за производство, преработка и извоз на земјоделски производи.

07.08.2015 - Скопје, Македонска банка за поддршка на развојот
Во просториите на МБПР денес се одржа работна средба со претставници од повеќе компании со седиште во РМ кои се занимаваат со примарно земјоделско производство, откуп, преработка и извоз на земјоделски производи. Беа објаснети карактеристиките на кредитните линии кои им стојат на располагање како и постапките за нивно аплицирање.
Исто така се стави посебен акцент на останатите производи на МБПР кои се во функција на намалување на ризикот од ненаплата (осигурување на побарувања) како и производите кои се во функција на финансиски премостувања до периодот на наплата (факторинг).

08.07.2015 - Повлечена е  шестата транша од кредитната линија  ЕИБ 4 - 100 милиони евра во износ од 8,2 милиони ЕУР. Со овие средства ќе се поддржат нови 70 проекти со пресметковна вредност од 11,11 милиони ЕУР. Од оваа транша, 75% се за поддршка на МСП преку инвестициски кредити со рок на отплата до 8 години, додека остатокот е за поддршка преку кредити за обртни средства со рок на отплата до 3 години. Со реализација на овие 70 проекти се очекува да се отворат нови 115 работни места.
Проектите се реализираат преку: Прокредит банка АД Скопје, Охридска банка АД Скопје, Шпаркасе банка АД Скопје, Халк банка АД Скопје, Комерцијална банка АД Скопје, ТТК банка АД Скопје и УНИ банка АД Скопје.
МБПР започнува со подготовки за повлекување на нова транша во износ од  околу 7 милиони евра.

05.05.2015 - Повлечена е петтата транша од кредитната линија од ЕИБ 4 - 100 милиони евра во износ од 10,3 милиони ЕУР. Со овие средства ќе се поддржат нови 38 проекти со пресметковна вредност од 33,73 милиони ЕУР. Од оваа транша, 75% се за поддршка на МСП преку инвестициски кредити со рок на отплата до 8 години, додека остатокот е за поддршка преку кредити за обртни средства со рок на отплата до 3 години. Со реализација на овие 38 проекти се очекува да се отворат нови 166 работни места.
Проектите се реализираат преку: Прокредит банка АД Скопје, Шпаркасе банка АД Скопје, Халк банка АД Скопје, Комерцијална банка АД Скопје и УНИ банка АД Скопје.
МБПР започнува со подготовки за повлекување на нова транша во износ од околу 8 милиони евра.

  

Струмица, 15.05.2015 - Во рамките на проектот на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион за зголемување на конкурентноста на планските региони преку поддршка на малите и средни претпријатија и претприемништвото, Регионалниот Бизнис Центар организираше промотивен и информативен настан во хотел Тиверпол во Струмица на тема „Извори на финансирање на приватен сектор“.
МБПР со задоволство ја прифати понудата за учество на овој настан преку својот претставник, директорот на секторот за кредитирање и гаранции, Александар Станојковски кој ги презентираше програмите и кредитните линии на Банката наменети за поддршка на малите и средни претпријатија.

 

Настанот беше прилично посетен од страна на претставници од бизнис секторот и претприемачи, претставници од невладин сектор, локални и регионални медиуми, стопански комори, невработени лица, општинска администрација...