Вести

29.01.2015, Скопје - МБПР зеде активна улога со своја презентација на завршниот семинар организиран од Центарот за климатски промени Скопје, на тема „Можностите за кредитирање на проекти за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија“.
На семинарот присуствуваа претставници на компании од прехранбената индустрија како и од други мали и средни претпријатија кои имаат интерес за заштеда на енергија.
Средбата се искористи за запознавање на присутните со можностите на МБПР за кредитирање на проекти од областа на заштедата на енергија како и производство на енергија од обновливи извори.

23.12.2014 - Повлечена е третата транша од кредитната линија од ЕИБ 4 100 милиони евра во износ од 11,3 милиони ЕУР. Со овие средства ќе се поддржат нови 63 проекти со пресметковна вредност од 15,9 милиони ЕУР. Од оваа транша, 75% се за поддршка на МСП преку инвестициски кредити со рок на отплата до 8 години, додека остатокот е за поддршка преку кредити за обртни средства со рок на отплата до 3 години. Со реализација на овие 63 проекти се очекува да се отворат нови 168 работни места.
Проектите се реализираат преку: НЛБ Тутунска банка АД Скопје, Прокредит банка АД Скопје, Охридска банка АД Скопје, Халк банка АД Скопје, Шпаркасе банка Македонија АД Скопје, ТТК банка АД Скопје и УНИ банка АД Скопје.
МБПР започнува со подготовки за повлекување на нова транша во износ од 13 милиони евра.

14.11.2014 - Повлечена е втората транша од кредитната линија од ЕИБ 4 - 100 милиони евра во износ од 9,6 милиони ЕУР. Со овие средства ќе се поддржат нови 56 проекти со пресметковна вредност од 14,4 милиони ЕУР. Од оваа транша, 84% се за поддршка на МСП преку инвестициски кредити со рок на отплата до 8 години, додека остатокот е за поддршка преку кредити за обртни средства со рок на отплата до 3 години. Со реализација на овие 40 проекти се очекува да се отворат нови 212 работни места.
Проектите се реализираат преку: НЛБ Тутунска банка АД Скопје, Прокредит банка АД Скопје, Охридска банка АД Скопје, Халк банка АД Скопје, Комерцијална банка АД Скопје, Шпаркасе банка Македонија АД Скопје, ТТК банка АД Скопје и УНИ банка АД Скопје.
МБПР започнува со подготовки за повлекување на нова транша во износ од  14 милиони евра.

Прилеп, 07.11.2014 -  МБПР одржа презентација на кредитните линии пред заинтересирани прилепски компании членки на Стопанската комора на Македонија, Регионалната комора со седиште во Прилеп.