Вести

Кавадарци, 31.10.2014 -  МБПР, пред членките на Стопанската комора на Македонија и Регионалната комора со седиште во Кавадарци, ги презентираше своите производи кои им стојат на располагање на микро, малите и средните претпријатија како и на извозните компании, при тоа потенцирајќи ги поволните кредитни линии, осигурувањето на домашните и странските побарувања и факторингот.

 

Кичево, 24.10.2014 - Пред членовите на Стопанската комора на Македонија, Регионалната комора со седиште во Кичево, беа презентирани производите на МБПР кои им стојат на располагање на микро, малите и средните компании како и на извозните компании, особено потенцирајќи ги поволните кредитни линии, осигурувањето на домашните и странските побарувања и факторингот.

   

Општина Илинден, 16.10 2014 - Денес во општината Илинден се одржа бизнис средба - форум на македонски и унгарски компании при што МБПР зеде активна улога во презентирање на своите производи и можности во насока на зголемување на соработката на македонските и унгарските компании. На средбата имаше околу педесетина преставници од бизнис заедницата од Македонија и Унгарија, преставници од коморските здруженија, општината и финансиските институции.

  

22.09.2014 - Повлечена е првата транша од кредитната линија ЕИБ 4 - 100 милиони евра во износ од 10,9 милиони ЕУР. Со овие средства ќе се поддржат нови 40 проекти со пресметковна вредност од 18,5 милиони ЕУР. Од оваа транша, 70% се за поддршка на МСП преку инвестициски кредити со рок на отплата до 8 години, додека остатокот е за поддршка преку кредити за обртни средства со рок на отплата до 3 години. Со реализација на овие 40 проекти се очекува да се отворат нови 185 работни места.
Проектите се реализираат преку: НЛБ Тутунска банка АД Скопје, Прокредит банка АД Скопје, Охридска банка АД Скопје, Халк банка АД Скопје, Комерцијална банка АД Скопје и УНИ банка АД Скопје.
МБПР започнува со подготовки за повлекување на нова транша во износ од  10,1 мил. ЕУР.